Премиера: Новиот Opel Movano пристигна во Македонија

-Презентирана целата товарна и патничка гама на Opel  – Оpel. Модерен ѐ. Германски ѐ! –

Компанијата Еуроимпекс, генералениот увозник за Opel, во соработка со опеловата дилерската мрежа, компаниите „Ауто Цем“ од Тетово и „Аутомакедонија“ од Скопје, вчера, среда 4–ти Мај, одржаа корпоративен настан на кој беше претставена целата товарна и патничка гама од брендот Opel, со најголем акцент на Новиот Opel Movano.

По процесот на детоксификација, Opel брендот има нов лик истакнувајќи се со Opel Vizor на предниот дел и Pure Panel во внатрешноста. Но и покрај тоа, Оpel не ја менува својата ДНК: тој е германски, модерен, доверлив бренд, технолошки напреден и со чист и прецизен дизајн.

Моделите на Opel беа претставени пред бројни соработници и потенцијални соработници, помали и поголеми компании, од компании кои имаат потреба од едно до компании кои имаат потреба од флота на возила и тн… а сѐ со цел компаниите да можат да се запознаат со возилата одблиску, во пријатна атмосфера да им бидат презентирани можностите и перформансите кои моделите на Opel ги нудат за нивно поедноставно секојдневно работење и помагање на нивните бизниси.

На настанот на располагање беа комерцијалните и патничките модели, од најмалиот модел Opel Corsa, SUV моделите: Crossland, новата Mokka, новиот Grandland, и претставникот во “D” сегментот Opel Insignia. Kако и товарните возила: Corsa Van, Combo, Vivaro и најновиот и најголемиот Opel Movano.

„Новото Мовано е совршена германска алатка за секоја работа! Овој модел е моќен, безбеден и со незаменлива удобност за возачот.

Тој е достапен во повеќе верзии на каросерија: фургон, комерцијално возило со два реда седишта, шасија со единечна или двојна кабина како и сандучар, кипер и конверзии на каросеријата . Товарниот простор е меѓу најдобрите во класата, со капацитет до 17m2 и во него може да се превезе максимум 4 еуропалети. Носивоста е до 2,1t. А, внесувањето на товар во новиот Оpel Мовано оди со леснотија, благодарејќи на широкиот отвор на вратите и нискиот праг за товарање. Погонуван од 2,2 турбо-дизел мотори со силина од 120 до 165 коњски сили, бележи одличен низок резултат кога станува збор за потрошувачката на гориво и емисија на CO2 во сегментот. Целосната електрификација на опеловата товарна гама на возила ја комплетира електрифицираната верзија на Opel Movano погонувано од 37kWh или 70kWh батерија, со корисна носивост до 1,3t, досег до 224km по WLTP и секако 0 емисија на CO2“ – изјави Драган Јовев  – Продукт менаџер за Opel, во Еуроимпекс: Секое од овие возила е со различни карактеристики, големини и димензии, различно ниво на капацитет на товар, ниво на опременост како и можност да бидат погонувани од мотори со внатрешно согорување, plug-in хибрид  или електрични…

„Opel нуди бројни решенија за мобилност. За секој тип на бизнис или големина на флота. Нашата гама на возила вклучува сè, од комерцијални и патнички возила, со мотор на внатрешно согорување, plug-in хибридни или целосно електрични верзии… Па се до наменски возила, модифицирани/трансформирани за потребите на бизнисите. Возила со ладилник, возила за лица со попреченост, амбулантни возила, против-пожарни возила и тн… – изјави Зоран Серафимовски, Извршен директор во Еуроимпекс и дополни:

Во рамките на нашата дилерска мрежа имаме високо-професионални продажно-сервисни центри кои во врска со возилата, даваат услуга што е потребна на компаниите за непречено и ефикасно водење на бизнисот. Во истите, работи професионален кадар со богато искуство кој е специјалнизирано обучен, секој во своето поле.

На кратко кажано, со германска прецизност, нудиме идеален автомобилски партнер за Вашиот бизнис.“

Повеќе информации за моделите и услугите можат да се добијат во салоните на Opel, на веб страната opel.mk и на дилерските страници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot Partner Rapid

Први фотографии на рестилизираниот BMW Series 3

BMW M4 Coupe 50 Jahre BMW M

BMW M3 Edition 50 Jahre BMW M

Audi A1 Allstreet

Deep Blue C385

И официјално BMW M4 CSL

BMW ја претстави подновената Series 3

Подновена Mazda MX-30