Премиерата на новиот Mitsubishi ASX закажана за утре 20 септември

Популарниот crossover модел ASX на јапонската марка Mitsubishi се појави на европскиот пазар во 2010 година (за тоа време претрпе неколку рестајлинг во изглед форма и погонски единици), но Јапонците конечно подготвија наследник кој премиерно ќе биде прикажан утре…

Сепак, ова ќе биде само еден од моделите што Mitsubishi ги разви за европскиот пазар во соработка со Renault (другата новина е новиот Colt базиран на Renault Clio).

Тука треба да потсетиме дека автомобилската дивизија на Mitsubiski стама сопственос на Алијансата Reanault – Nissan .

Но да се вратиме на главниот „јунак“ на оваа информација, поточно, новиот ASX.

Имено, новината ќе се базира на платформата CMF-B и ќе се произведува во фабриката на Renault во Ваљадолид, Шпанија.

Според сегашната ситуација стартот на продажбата на новитетот на европскиот пазар би требало да биде во текот на пролетта на претстојната 2023 година.

Новиот ASX делумно ќе се разликува од моделот Renault Captur, што значи дека и овде ќе се примени карактеристичниот дизајнерски речник на Mitsubishi (пред се во однос на неговиот преден дел).

Што се однесува до палетата на верзии во однос на погонските единици , новиот ASX ќе се нуди со два турбо бензински мотори, како и хибридни и plug – in хибридни опции.

Гамата ќе изгледа вака:

Почнуваме со бензинските мотори со: 1.0 MPI-T: верзија со три-цилиндри засилена со турбо полнач со моќ од 91 КС, што доаѓа во комбинација со шест (6) -брзински мануелен менувач, и има емисија на CO2 од 132-136 g/km.

Следи 1.3 DI-T: со четири цилиндри исто така турбо бензински мотор со моќ од 140 КС, што силата ја пренесува преку шест (6)-брзински мануелен менувач, а што ќе има емисија на CO2: 130-134 g/km, или во верзија со моќ од 158 КС што доаѓа во комбинација со седум (7) -брзински DCT менувач, а кој ќе има емисија на CO2: 131-137 g/ км.

Бо однос на хибридната погонска единица (HEV) 1.6: што е комбинација од 1.6 литарски бензински мотор и електромотор со вкупна моќ од 145 КС, со батерии со капацитет од 1.3 kWh, што „гарантираат“ емисија на CO2 од 107-113 g/km.

– На крајот приклучниот – Plug-in Hybrid (PHEV) 1.6:  со 1.6 бензински мотор и со два електромотори, со вкупна моќ од 160 КС, со батерија со капацитет од 10.5 kWh, како и со емисија на CO2: 30-31 g/km.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tata е чекор поблиску до отворање фабрика за батерии за електронски возила во Велика Британија

Ford Transit 2024 година

Lada има најстарa понуда, а кинескиот Zeekr најмлада

McLaren има приоритет на профитабилноста пред електричните автомобили

Renault стана втор најпродаван бренд во Европа

Низ Минхен ќе возат автономните возила на Volkswagen

BYD Dolphin: Кинез кој може да ги збуни Европејците

Haval H6 затегнување на брчките

Во Германија запалени десет автомобили на Теslа,