Пресврт: РКЕ со одлука за поевтинување на горивата од полноќ!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги одреди новите малопродажни цени на горивата во зeмјата што од вечерва стапуваат на сила…

РКЕ согласно методологијата за формирање и утврдување на малопродажните цени на горивата, одлучи вечерва од полноќ да ги поевтини горивата во земјата.

Тоа е неочекувана одлука, со оглед на тенденцијата на поскапување во изминатите недели. Според истата, цените, во просек, се намалуваат за 0,69 % споредено со сегашните.

Малопродажните , во однос на цените утврдени минатата недела, на Eуросупер БС-95, како и на Еуросупер БС-98 и на Еуродизел се намалуваат за половина денар.

Така, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 57 денари за литар гориво, Еуросупер БС-98 ќе се продава по 59 денари за литар, додека цената на Еуродизел ќе биде 49 денари за литар гориво.

Регулаторната Комисија за Енергетика својата одлука ја базира на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар кои во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 1,89%, а кај дизелот намалувањето е во просек за околу 2,594%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата Opel Mokka  со ново лого на Opel

Произведен првиот Aston Martin DBX

Ексклузивно- Toyota денес открива нов модел – crossover базиран врз Corolla?

Најавен нов Haval H6

Вуков од сезонава со Порше Карера во нов предизвик: Голем предизвик за мене!

Citroën C5 во 2021 ќе атакува на VW Passat!

Daimler ја продава фабриката на Smart, можен купувач- Ineos, производител на Grenadier. наследник на класичниот Defender !

Истрагата за аферата dieselgate се прошири и на добавувачот Continental

Volvo се стабилизира- во Јуни продал само за 2,1 % помалку автомобили