Претседателот на САД во електричен Hummer

Американскиот претседател Џо Бајден (Joe Biden) ја посети фабриката на General Motors, во Детроит и возеше електричен Hummer…

„Дали некој сака да се врати, да се качи на покривот? Ова е нешто многу посебно“, се пошегува Бајден со присутните новинари.

Американскиот претседател на почетокот на неделава го потпиша законот за инфраструктура, според кој за изградба на мрежа на станици со електрични полначи за полнење на електрични автомобили се издвоени 7,5 милијарди американски долари.

Целта е електричните автомобили да станат поодржлива опција за многумина, да бидат подобро прифатени и да се намалат емисиите на јаглерод во атмосферата.

За да ја промовира оваа инвестиција, Бајден ја искористи можноста да вози прототип на електричен Hummer при посетата на GM и не го „штедеше“.

Тоа не е прв пат Претседателот на САД- Бајден да вози електричен автомобил, потсетуваме, претхопдно во мај тековната 2021 година го возел и електричниот Ford F- 150 Lighting.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Land Cruiser LEGO во сооднос 1:1

Techart Porsche 911 Police

Електрична Lancia Delta Integrale настапува воWorld RX шампионатот

Hennessey го испорача првиот Venom F5  и тврди дека може да јури со 500 км/ч

BMW М GmbH во чест на јубилејот се враќа на стариот беџ

Porsche планира голем crossover со три реда седишта

Електричен Калашников UV 4

Lancia Aurelia Outlaw European CSL

Alpha Saga