Претставен BMW K 1600 за 2022 година

BMW Motorrad со гордост ја претставува новата линија K 1600 за 2022 година, која се состои од моделите GT, GTL, B и Grand America…

Што се однесува до новитетот што вреди да се спомене, има првенствено ажурирање на редовниот шестцилиндричен агрегат, кој сега ги задоволува стандардите за издувни гасови Euro 5. Како и да е, тој сепак испорачува 160 КС, иако мора да се признае со помал број на вртежи. Сепак, тоа што тука е зголемено е максималниот вртежен момент, кој сега изнесува 180 Nm и е достапен при 5.250 вртежи во минута.

Моделите од 2022 година сега носат неколку различни режими на возење.

Има Road, Dynamic и Rain, додека Dynamic Traction Control (DTC) обезбедува непречено уживање во возењето без оглед на условите на патот.

Баварскиот гигант сега носи и нова генерација на електронска суспензија Dynamic ESA, која со себе ја донесува и опцијата за автоматско прилагодување на условите за возење.

Покрај добивањето на новото адаптивно LED осветлување на BMW, линијата K 1600 има и нова 10,25-инчна TFT табла со инструменти, до која може целосно да се пристапи преку апликацијата BMW Motorrad Connected.

Волуменот на резервоарот за гориво е солиден и изнесува 26,5 литри.

Треба да се спомене дека GTL и Grand America го добија аудио системот BMW 2.0, кој е вклучен и во основниот пакет на опрема.

Наскоро се очекува и дефинирање на цените на оваа прекрасна креација на две тркала на баварскиот производител со стилизиран сино бел пропелер во логото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ducati лансира scooter на струја!

Yamaha MT-03 Iron Man

Новиот Sport Touring на Honda пристига на 21 октомври

Zero Motorcycle

Kawasaki претстави ново лого

Наскоро нова Honda Transalp

BMW Concept CE 02

Husqvarna FS 450 Supermoto

Мотоциклистите повеќе нема да учествуваат на „Пајkс –Пик“ трката