Претставен Bugatti Centodieci- во спомен на легендарниот EB110

Нереалните  1600 KS, во само 10 примероци, a цената е навистина супер нереална речиси девет милиони американски долари…

Инаку, се  е „горе – долу“ познато кога станува збор за овој славенички хипер автомобил.

Повторно во фантастичната приказна главен збор има моќниот со работен волумен од 8,0-литри со 16, цилиндри поставени во форма на латинската буква  W бензинец што се вградува во Chiron, но сега дополнително засилен за 100 KS, за вкупна моќ од 1600 KS.

Името на супер автомобилот е  Centodieci што при тоа има и за 20 kg помала маса.

Наследникот на EB110 со самото тоа има нереални бројки  како што се на пример.: забрзување од 0 до 100 km/h за само 2,4 секунди, од 0 до 200 km/h за 6,1 секунда, a од 0 до 300 за малку повеќе од 13 секунди.

Навистина нереалнo, но не и кога станува збор за Bugatti!

Притоа и максималната брзина што ја постигнува е лимитирана на само 380 km/h.

Потврдено е дека ќе биде произведен во строго лимитирана серија од само 10 примероци во наредните пет години и сите веќе сега се резервирани по цена од осум ( 8) милиони евра или 8,9 милиони американски долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan создал приспивна псна за деца што добро спијат само во автомобил!

Колкав период од животот европските возачи „губат“ барајќи паркинг!

Pagani Huayra во ексклузивно Imola издание вредно 5 милиони евра

Видео реклама: Новиот Land Rover Defender во новиот филм за Џејмс Бонд

Glickenhaus 007- Тркачки еспрес

Најавен хипер автомобил – Czinger 21C на Palexpo 2020

Lotus Elise посебна едиција за Австралија

Електричниот ѕвер Pininfarina Battista почна со тестови на тркачка патека

Apex Motor со нов „спортист“ на Palexpo 2020!