Chery подготви уште еден нов модел, седанот Arrizo 8, кој беше прикажан на саемот за автомобили во Ченгду…
Овој седан е долг 4780 mm, широк 1843 mm, висок 1469 mm и има растојание помеѓу оските од 2790 mm.
Покрај тоа познато е и дека Arrizo 8 е изграден на платформа со погон на предните тркала, а гамата ќе има два турбо мотори.
На почетокот ќе може да се добие со 1.6 TGDI бензински турбо мотор со четири цилиндри, со моќ од 197 КС и во комбинација со седум (7) -степен автоматски менувач на брзини со двојна спојка. Втората погонска единица е 1.5 TCI турбо со 156 КС. Подоцна ќе пристигнат 2.0 турбо мотор како и хибридна погонска верзија.
Списокот на опрема за основната верзија вклучува LED светла, панорамски покрив, екрани во дијагонала од 10,25 инчи, потоа со двозонска контрола на климата, темпомат, задна камера и систем за избор на режими на возење (Eco, Sport, Normal).
Врвната варијанта има екрани со големина од 12,3 инчи, вентилација на предните седишта, препознавање на лицето и следење на возачот, адаптивна контрола на патувањето, автоматско сопирање, следење лента и следење на мртвата точка.
Chery Arrizo 8 со 1,6 TGDI мотор чини 114.000 до 135.000 кинески јуани („преведено“ во европска валута од 16.630 до 19.695 евра), а официјалното лансирање во Кина е најавено за крајот на септември.