Претставен Genesis G80, лимузина “џелат” на Mercedes Е класа…

Корејскиот производител на луксузни возила го претстави својот најнов автомобил, моделот G80 кој во својот дизајн потсетува на GV80, а што би требало да биде елиминатор на адутот во оваа класа на премиум марката од Штутгарт…

Посетуваме новиот премиум SUV на Корејците, моделот GV80 го лансира новиот дизајнерски стил на Компанијата, со своето деби на почетокот на годинава.

Истиот дизајнерски стил сега пристига и во новиот седан на Genesis.

Премиум седан моделот  G80 го забележа своето деби во дигитална форма од седиштето на компанијата во Јужна Кореа, прикажувајќи го целосно новиот изглед.

И седан моделот G80 како и SUV моделот GV80 се со четири предни светла, што е карактеристика на новиот дизајнерски јазик, а тука е и масивната предна решетка во облик на штит.

Единствената разлика напред помеѓу Genesis G80 и GV80 е долната решетка која се шири низ должината на предната маска со хоризонтални летвички во аглите.

Сличностите меѓу двата модели се очигледни и во внатрешноста, но Genesis G80 има и нешто свое.

Имено, новата лимузина доби масивен 14,5-инчен екран на централен информативно – забавниот систем, а пред возачот се наоѓа 12,3-инчен 3D дигитален кластер и head-up дисплеј.

Системот поддржува Apple CarPlay и Android Auto системи. Разликата е во тоа што лимузината има класичен управувач со четири краци, во однос на тој со три краци што е имплементиран во SUV моделот. Речиси истите материјали се користени во изработката на внатрешноста, вклучително дрво, кожа, алуминиум и слично.

Тркалата на оваа верзија на G80 исто така се слични на оние кои ги има GV80, односно со 20-инчни тркала со пет краци и сребрен финиш.

Автомобилот доби и нова безбедносна технологија вклучително и систем за автоматско кочење во итни случаи, систем за предупредување на возило во слепиот агол, систем за автоматска промена на лентите на движење со допир на рачката за покажување на насока, адаптивен темпомат со интерфејс кој може да „учи“ и да му помага на возачот учејќи ги неговите карактеристики на возење…

Во однос на погонските единици, претходниот 3,3 и 3,8-литарски V6 мотори повеќе ги нема, како ни најмоќниот 5,0-литарски V8 мотор.

Во понудата ќе се најде 2,5-литарскиот реден мотор, со четири цилиндри, со турбо полнач, што испорачува моќност од 300 КС и 421 Nm максимален вртежен момент.

Покрај тоа од компанијата е најавен и турбо бензинец со работен волумен од 3,5-литри со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V, што испорачува моќност од 375 КС и 530 Nm вртежен момент.

Поклониците на дизелот ќе се радуваат на турбо агрегатот, со четири цилиндри, со работен волумен од  2,2-литри што нуди моќ од 207 КС.

Силата се пренесува на тркалата од задната оска..

Новата лимузина е полесна од претходната за 110 кг, бидејќи 19 % од нејзината конструкција е направена од алуминиум.

Новиот Genesis G80 е веќе достапен во Јужна Кореа, а на останатите пазари ќе се најде во втората половина од годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW Nivus денес имаше глобална премиера

Новиот Genesis G80 дрско и без ронка страв на мегдан со Audi, BMW и Mercedes!

Специјална понуда Citroen C3 Aircross Rip Curl

И BMW Serieѕ 6 Gran Turismo ги затегна брчките!

Обновенa BMW Series 5

Обновени Mercedes E Сlasѕ Coupe & Cabrio

Најавен новиот Hyundai Santa Fe

Jeep Compass добива турбо бензински мотор со волумен од 1.3-литри

Можно ли е или само шпекулација – Fiat ќе ги спои 500X и 500L во 500XL