Претставен MG 7

Откако веќе го претстави електричниот MG 4, брендот MG подготви уште еден нов модел…

Станува збор за MG 7, fastback од средна класа, кој ќе биде лансиран на кинескиот пазар наредната есен.

За почеток, MG 7 е изграден на платформа со погон на предните тркала, при што автомобилот е долг 4884 mm, широк 1889 mm, висок 1447 mm и има меѓуоскино растојание од 2778 mm.

Тркалата се од 18 до 20 инчи, во зависност од верзијата.

Дел од опремата, меѓу другото, се состои од панорамски покрив, 10,25-инчни дигитални инструмент панел и 12,3-инчен екран на допир.

Под хаубата се наоѓа нов 2.0-литарски турбо бензински мотор со 261 КС и 405 Nm, поврзан со деветстепен автоматски менувач.

Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 6,5 секунди, максималната брзина е 230 km/h, додека просечната потрошувачка на гориво е 6,94 l/100 km.

Исто така, се најавува и подостапна верзија на MG7, со 1,5-литарски турбо мотор од 188 КС и максимална брзина од 210 km/h.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дебитира BMW XM

Обновен DS 3

Претставен Chery Arrizo 8

Новиот Range Rover Sport – Претставен во Македонија

Acura ARX-06

Chevrolet Silverado ZR2 Bison

Buick Envista

Koenigsegg CC850

Ford Territory