Претставен Nissan GT-R:ексклузивна верзија за најсреќните

Новата верзија на култниот јапонски спортски супер автомобил ќе биде толку ексклузивна што ќе можат да го купат само 100 клиенти, а оние чии имиња ќе бидат извлечени,  по случаен избор од листата на апликанти, ќе можат да уживаат во врвно доживување зад управувачот…

Од Nissan, деновиве, ја претставија новата, а по се изгледа веројатно и последна едиција, на својот спортски автомобил GT-R, во две верзии. Нивните полни (целосни) имиња гласат:  Nissan GT-R Premium Edition T-spec и Nissan GT-R Track Edition Engineered by NISMO T-spec

Самите овие имиња веќе велат дека ова се ексклузивни модели на кои им е посветено посебно внимание. Двата модели се одликуваат со керамички сопирачки, заден спојлер изработен од карбонски влакна и уникатни детали на предните и задните амблеми и на хаубата на моторот на автомобилот.

Боите на новите модели се исто така ексклузивни за оваа линија – наречени „Полноќна виолетова“ (Midnight Purple ) и „Милениумска жад“ (Millennium Jade), со што Nissan повлекува нишка на поврзување со легендарниот, исто така ексклузивен, спортски модел Skyline R34.

Луксузната и препознатлива надворешност е надополнета со луксузен, но и класичен ентериер, со изразен спортски карактер.

Погонскиот агрегат е bi-turbo бенизнски мотор со работен волумен од 3,8-литри, со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V што испорачува моќност од  570 КС и 637 Nm  максимален вртежен момент. Максималната брзина на овој модел, како и досега, изнесува „само“ 315 км / ч, а забрзувањето од нула до 100 км / ч е супериорно и изнесува 2,8 секунди.

Новиот Nissan GT-R ќе се произведува, како што веќе рековме во водедот нас текстов,  во вкупно само 100 примероци и ќе им биде понуден на клиентите во Јапонија и САД.

Но и тие нема да можат толку лесно да го купат овој автомобил. Имено, сите заинтересирани ќе треба да се регистрираат за посебна листа, од каде што ќе бидат избрани по случаен избор сто среќници за да добијат право да станат сопственици на новиот GT-R.

Продажбата на овој начин започнува веќе следниот месец, октомври, а истакнатите цени се движат од 122.000 до 138.000 евра, во зависност од опцијата и пакетот опрема.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов Lexus LX

Подновување на Ford Focus!

Нов BMW Series 7 и електричната верзија i7

Ford Tourneo Connect

Подновена Подновена KIA Forte

Најнови слики Škoda Slavia

Zero Motorcycle

Новата ŠKODA KODIAQ SUV ве „плени“ за една минута!

Новиот Audi A4 пристига 2023 ги задржува бензинците и дизелите