Претставен новиот BMW Gran Coupé од Series 4

Со дополнителен пар врати, новата Series 4 на BMW во изданието Gran Coupé повторно нуди повеќе простор и погодност во споредба со Coupe верзијата со две врати…

Во Минхен се убедени дека со новата генерација Gran Coupé на Series 4, ќе анимира многу клиенти кои ја сакаат попрактичната верзија на каросеријата што BMW ја понуди со претходната генерација на Series 4.

Со габаритот позициониран помеѓу Series 3 и Series 5, BMW ќе им ја понуди новата Series 4 Gran Coupé на европските потрошувачи во комбинација со три верзии на бензин и еден дизел.

На почетокот на понудата со агрегати на бензин е Gran Coupé, штосе крие зад ознаката 420i, а неговиот  мотор со четири цилиндри, потпомогнат од 48 волти блага (mild) хибридна технологија, има 184 КС и 300 Nm максимален вртежен момент, што е доволно за 235 км / ч и забрзување од 0 до 100 км / ч за 7,9 секунди.

Истата конфигурација и поместување се кријат зад 430i, но возачот може да смета на 245 КС и 400 Nm вртежен момент.

Доволно за 250 км/ ч и забрзување од 0 до 100 км/ч за 6,2 секунди.

На врвот на понудата  е опцијата M440i xDrive, што со себе носи погон на сите четири тркала и агрегат со шест цилиндри со работен волумен од 3,0 литри што развива 374 КС и  ослободува максимален вртежен момент од 500 Nm, а најмоќната серија 4 Gran Coupé од  0 до 100 км/ч забрзува за 4,7 секунди.

Се уште не се знае дали BMW Series 4 GC ќе ja понуди во верзијата М4.

За љубителите на дизел изведби, постои 420d верзија што може да се добие со или без интегрален погон, а се напојува со дволитарски, со четири цилиндри мотор што нуди 190 КС и 400 Nm вртежен момент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова Dacia Logan Caravn на рендери

Subaru Forester facelift

Почна производството на  Citroen C5X

Новиот KIA Sportage во црна боја изгледа ко да е од друга планета!

И официјално новиот Lexus NX 2022

Најавен нов Maserati GranTurismo

Најавен нов Audi RS3

Nissan Z

Официјално Volkswagen Multivan T7