Претставен новиот Fiat Strada

Во Јужна Америка Fiat и официјално на новинарите им ја претстави новата генерација на својот pick-up модел Strada, чија продажба на пазарите во Латинска Америка ќе почне во втората половина на тековната година …

Инаку, новата Strada е развиена под кодното – фабричко име 281, а за нејзиното производство ќе биде задолжена фабриката на Fiat во Бетим, во Бразил.

Автомобилот има повеќе простор од досегашната генерација на моделот, a нуди и поголемо рамниште на безбедност со повеќе безбедносни системи, а доаѓа и со побогата опрема.

Во палетата на агрегати ќе бидат 1,3-литарскиот  Firefly со моќ од 109KСи 1,4 литарски Fire EVO со 88KС.

Покрај мануелен менувач на брзини, купувачите како опција ќе можат да изберат, малку подоцна, и CVT трансмисија на силата.

Во однос на димензиите, Double cab варијантата со четири врати  е долга 4474 мм, широка 1732 мм, висока 1608 мм, а растојанието помеѓу оските изнесува 2737 мм, додека пак клиренсот е 230 мм.

Во гамата а моделот ќе се најдат верзиите Working, Endurance, Freedom и Volcano (овој последниот ќе биде облагороден со 17-инчни тркала со алуминиумски фелни, со дополнителни заштитни елементи на надворешноста и со носачи на покривот).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan се враќа на голема врата со дузина нови модели!

Ford ги издвојува Bronco и Mustang како посебни марки!

Кои модели на Lada најмногу се исплатливи за првиот сопственик

Mercedes-Benz S-Class (W223) дефинитивно пристигнува есенва!

Lotus Evija во финална фаза !

Škoda тротинет- го собира на местото за резервно тркало

Fiat планира ривал на Nissan Qashqai а се враќа и Fiat Punto

Porsche e „dream car” на повеќето, потврдила анкетата!

Како би можел да изгледа спортскиот модел на Dyson!?…