Претставен новиот Fiat Tipo Cross кој донесе и facelift на целата гама на Tipo

Производителот на автомобили од Торинo ја освежи комплетната понуда на својот компактен модел Tipo и како сосема нова ја понуди и изведбата Cross со што Fiat влезе во профитабилниот и популарниот глобално сегмент на SDUV/ crossover возила и во оваа класа

Италијанскиот компакт Fiat Tipo мина низ обемна рестилизација и освежување кое донесе низа новини кај моделот од C сегментот. По рестилизацијата Tipo и понатаму останува достапен како хечбек, караван и лимузина, но сега во понудата е додадена и изведбата Cross со која марката оди во чекор со глобалните трендови на пазарот.

Целта на италијанскиот производител на автомобили  е да го продолжи животниот век на Tipo пред спојувањето со PSA и воведе низа измени во својот модел.

Да почнеме со надворешноста на освежениот Tipo што пристигнува со ревидирана предна решетка која сега се одликува со карактеристичен „Fiat“ натпис. Решетката е опколена со нови LED предни светла кои ја зголемуваат прегледноста.  Дополнителните промени се лимитирани, но моделот добива и ревидиран преден браник, како и дополнителен хромиран трим.

Освен тоа, на задниот дел се и новите LED задни светла, како и рестилизираните тркала од 16 и 17 инчи.

Освежувањата и промените продолжуваат и во внатрешноста. Рестилизираниот Tipo се карактеризира со 7-инчен дигитален инструмент кластер и 10,25-инчен Uconnect 5 инфозабавен систем. Возачот исто така пред себе ќе најде и унапреден управувач. Како опција во понудата е исто така и бежичен полнач за паметни телефони во кабината.

Најголемата новина е Tipo Cross

Изведба базирана на hatchback моделот дизајнирана, пред се, да ги привлече љубителите на crossover  модели и доаѓа со груб и остар изглед, со пластични прекривки на каросеријата, сребрени прагови и поголеми тркала.

Автомобилот исто така е опремен и со ревидиран систем на потпирање кој го подигнува возилото за околу 4 сантиметри. Под хаубата се наоѓа новиот 1,0-литарски трицилиндричен бензински мотор кој испорачува 100 КС и 190 Nm максимален вртежен момент.

Ова е значителен напредок во однос на досегашниот 1,4-литарски мотор кој испорачува 95 КС и 127 Nm вртежен момент. Покрај подобрените перформанси, од Fiat велат дека новиот 1,0-литарски мотор носи сериозно помала потрошувачка и емисија на CO2.

Кога станува збор за дизелските мотори, тука е унапредениот 1,6-литарски Multijet мотор кој сега произведува 130 КС, што е подобрување за 10 КС. Купувачите исто така можат да се одлучат и за верзијата со 95 КС.

Fiat ги истакнува и големиот број на системи за активна безбедност, а Tipo може да биде опремен и со задни и предни паркинг сензори, може да располага и со keyless entry систем.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Nissan Note и официјално дебитира

Volkswagen ID.5 само за Европа

Во Кина дебитираше освежениот Jeep Compass

Nissan Note дебитира утре

Kia Sorento Yosemite Edition и  Sorento Zion Edition

Уловена Kia Sportage 2022

BYD D1

Пристигнува електричен VW I.D. Vizzion concept

Elation Freedom супер спортист на струја