Претставен новиот McLaren Gt нов диктатор во лигата!

Исклучително лесен, брз и по многумина многу попривлечен и поупотреблив од останатите припадници на флотата  – а цената на таквото задоволство изнесува само 170.000 европски банкноти на најголемиот пазар на Стариот континент – Германија!

Ви го претставуваме првиот – вистински McLaren Grand Touring во спортското семејство на производителот на супер автомобили од Велика Британија –  McLaren.

Автомобилот го споделува McLaren Speedtail DNA (гените), со на пример прекрасната и ултра лесна каросерија и со иновациски технологии, со луксузор, како и со употребата на високо квалитетните материјали.

Интересен податок е и капацитетот од дури 570 литри со заден багажен простор !.

Новиот информативно – забавен систем што со себе го донесува е најсофистицираниот досега; како стандард содржи  HERE навигација и информации за прометот во реално време.

Структурата со карбонски влакна и со алуминиумски материјали ја надополнува приказната за малата маса.

Исто така McLaren GT располага со 405 KS по една тона маса; за вкупно 620 KS извлечени од агрегатот со работен волумен од  4-0 литри , со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со 630 Nm  вртежен момент и широка крива на вртежниот момент, дело на инженерите и конструкторите на McLaren.

Новиот „ супер спортист“ има навистина брутални забрзувања: така од 0 до 200 km/h спринтира за само девет секунди и постигнува максимална брзина од 326 km/h.

Првите испораки се очекуваат кон крајот на тековната 2019 година, a на пазарот во Велика Британија е достапен по цена од само 163.000 британски фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот  Ford Focus ST Wagon жежок семеен автомобил

Porsche Cayenne S Coupe со V6 и 440 КЅ!

Opel Grandland X отсега ќе вози и на струја со 300 КЅ!

Citroen со ултра удобен футуристички концепт -Citroen 19_19 concept

Porsche 911 Targa (2020.) уловена на тестирање на автопат

Dacia на струја пристигнува 2021 година

VW I.D. доби име I.D.3 на финално филигранско дотерување пред лансирање!

Ford Mustang Shelby GT-S co 700+ KS

Chevrolet Corvette C8 2020, на стартот како coupe – cabrio