Претставен plug-in хибридниот BMW 330e

Баварците хибридната верзија на својот популарен седан ја лансираат со  292 КЅ  моќен XtraBoost Power  мотор што му овозможува јурење со  140 km/h само на струја….

Актуелната генерација на BMW series 3 сега се придружува и plug-in хибридната варијанта што ветува комбинација на ефикасност и перформанси во сегментот на спортските седани.

Новиот BMW 330e е е задвижуван од турбо бензински мотор, со работен волумен од  2,0-литри , со четири цилиндри од  BMW,  со 184 КЅ во комбинација со електромотор, сместен кај осум-степениот автоматски менувач, к за дополнителни +113 КЅ, односно вкупна моќ од 252 КЅ.

Погонската единица  330e плени со  XtraBoost функцијата, што во спортскиот режим додава дополнителни 40 КЅ во „тајминг“  од 10 секунди, давајќи му на седанот во тие моменти вкупна моќ од 292 КЅ.

Од BMW велат дека 330e од 0 до 100 km/h „спринтира“ за 5,9 секунди, и јури се до максималните 230 km/h.

Пакетите на опрема кај хибридниот седан се истите како и кај стандардните, заедно со M Sport варијанта, со ажурирана адаптивна суспензија и M Sport сопирачки.

Во хибриден мод на возење 330e може да достигне брзина до 110 km/h , а 140 km/h во целосно електричен режим.

Пакетот литиум-јонски батреи е моќен 12 kWh и е поставен под задното седиштепред резервоарот за гориво, а автономијата само на струја е од 59 до 66 km.

Баварците за прв пат најавија и караванска изведба на 330e  што на пазарот треба да се појави кон средината на наредната 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобилските „папараци“ го уловија новиот Hyundai Santa Cruz

Првиот Lexus целосно на електричен погон е Lexus UX300E

Новиот Lexus LC500 cabriolet за уште поубаво лето!

Серска изведба на Rimac C_Two под друго име во Женева 2020

Maserati GranTurismo Zeda

Зимска кампања на компанијата „Пнеуматик“ – Фати ја зимата навреме

Opel Vivaro-e доаѓа во 2020: Успешното LCV ќе се електрифицира

Renault Arkana – може да биде француски BMW Х4 во Европа до 2021

Од Renault најавија европска верзија на City K-ZE