Претставен Porsche Cayenne Turbo S E-Hybrid

Cayenne Turbo S E-Hybrid и Cayenne Turbo S E-Hybrid Coupe дебитираат со моќ од 670 КЅ и со режим на возење само на струја до 40 km…

Производителот на супер спортски автомобили од Германија претстави нова варијанта во највисокиот ранг на семејството Cayenne.

Новата верзија е Cayenne Turbo S E-Hybrid која доаѓа во стандардното тело на Cayenne или во поспортската Cayenne Coupe изведба, а на пазарот ќе се достапни од првата четвртина на наредната 2020 година.

Моделите доаѓаат со plug-in хибриден агрегат, составен од twin turbo  мотор со работен волумен од 4,0 -литри  со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V и електро мотор .

Конвенционалниот мотор произведува моќност од 541КЅ, на кои со дополнителни 134 КЅ  од електромоторот, обезбедувајќи му на Cayenne Turbo S E-Hybrid комбиниран излез од 670КЅ и максимален вртежен момент од 900 Nm.

Благодарение на овие бројки, германскиот SUV може да забрза до 100 km/h за 3,7 секунди, пред да достигне максимална брзина од 295 km/h.

Електричниот мотор се напојува со литиум-јонска батерија од 14,1 kWh, инсталирана  помеѓу бензинскиот агрегат со осум цилиндри поставени впо фопрма на латинската буква „V“ и автоматскиот менувач на брзини со осум степени на пренос на силата.

Таа конфигурација овозможува и заедничка и самостојна работа на двете погонски единици.

Кога работи само електричниот мотор, Cayenne Turbo S E-Hybrid може да патува до 40km само на електрична енергија.

Во поглед на стилот и изгледот, моделите се одликуваат со Acid Green акценти и 21-инчни AeroDesign фелни, а меѓу опции е и  Sport Design пакетот кој вклучува покрив од карбон и 22-инчни GT Design фелни.

Внатре е спортскиот управувач обвиткан со алкантара и карбонски завршетоци.

Покрај воведувањето на двата високо-перформансни модели, Porsche исто така го најави и Cayenne E-Hybrid Coupe, кој ќе биде опремен со 3,0 литарски мотор со шет цилиндри со истата V конфигурација електрична единица, со заедничка моќност од 455 КЅ и 700 Nm вртежен момент.

Ова му обезбедува забрзување од 0 до 100 km/h за 4,8 секунди и максимална брзина од 253 km/h, додека возењето во потполно електричен режим е до 43 km. …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Серискиот Alfa Romeo Tonale на пазарот во 2020 или 2021

Конечно пристигнува новиот Nissan Juke на нови фотки!

Светски премиери на Opel IAA 2019, Нова Astra, Corsa и Grandland X plug-in хибрид

Škoda Superb RS (2020), дизелски 240 KS, предизвикувач на спортската елита!

Rezvani Tank – Најсилниот SUV на светот

Специјално изданија на Lexus LC 500

Fiat Cronos HGT за жал не и за Европа!

Нова Kia Mohave

Третата генерација на Opel Insignia (2022) ќе биде изведена од Peugeot 508