Претставена автономната BMW Series 7!

Баварците ја претставија прототип верзијата на својот луксузен седан, односно претседателска лимузина, што доаѓа со автономна технологија од Ниво 4

Прототип верзијата на моделот сеуште не е со автономност од Ниво 5, но сепак во повеќе ситуации автомобилот може самостојно да управува, без притоа возачот да мора да го следи тоа што се случува и /или да биде подготвен да ја преземе контролата врз автомобилот.

Така, сопствениците ќе можат да го повикаат возилото преку апликација на паметните телефони и тао автоматски ќе се довезе до нивната локација, а кога автомобилот ќе пристигне, возачите ќе можат да пристапат до него преку проверка на автентичноста на паметниот телефон.

Бидејќи никој не треба да стои зад воланот, возачите можат да се релаксираат во луксузните задни седишта и да започнат патување преку таблета монтирана на централната конзола, додека автомобилот ќе се грижи сите да ги прицврстат своите ремени, а потоа да стигнат до одредената дестинација.

Додека автомобилот е сеуште прототип, BMW потврди дека работи на понапредните полуавтономни функции за возење од Ниво 2, кои вклучуваат способност за интерпретирање на семафорите., а исто така развива адаптивен cruise control систем со функција за препознавање на семафорите.

Изграден како еволуција на нивниот моментален адаптивен cruise control систем со Stop & Go, новиот систем користи моќни радарски сензори и сензори од камерите, кои вршат постојан надзор на опружувањето што му овозможува на системот автоматски да го запре автомобилот на црвени светла , да ги регистрира жолтите и да го забави возилото пред да застане.

Инаку, потполната автономија на возење од Ниво 5 Баварците планираат да ја достигнат во текот на 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со VEX роботски елек KIA ја олеснува работата на работниците!

Hyundai воведува задни и средишни возушни перници!

Поевтино и побрзо производство на електроди за батерии

BMW X6 во Vantablack црна, најцрната од сите црни бои!

Audi се приклучи на партнерството помеѓу Mercedes и BMW

JLR со директна 3D технологија без помагала проектира во возилата

Bosch воведува 3D дигитална инструмент плоча!

Chevrolet со нов систем што условува врзување на појас

Razer со Chroma и кај автомобилите