Претставенa новата генерација на BMW Series 3 Touring

Баварците повторно ја наметнаа кандидатурата за нај караван во сегментот со спортски карактеристики и со привлечен и динамичен изглед

Новата генерација на  Series 3 Touring е малку поголема од претходнaтa, долга 4.709 mm, ширoка 1.827 mm и висока од 1.470 mm, .додека растојанитето помеѓу оските  е зголемено за 41mm, (на 2.851mm).

Слично како седан изведата, Touring доаѓа со робусен преден дел, агресивни предни светлосни уреди, големи „бубрези“ и покривни шини како стандард.

Во внатрешноста, новиот BMW Touring доаѓа со актуелниот стил на брендот, со ново дизајниран спортски кожен управувач и редизајнираните седишта кои ја зголемуваат на удобноста при возење на долги релации.

Автомобилот вклучува автоматска задна врата и товарен простор кој сега е 112 mm поширок од претходниот модел, со што се добиваат 500 L багажен капацитет, кој се зголемува на 1.510L со преклопување на задната клупа.

Како што напомнавме, зголемените параметри на автомобилот секако влијаат и на внатрешноста, па така новата Series 3 Touring  има дополнителен простор за рамената во предниот дел, зголемен простор во пределот на главите за сите патници и поголем простор за нозете за патниците на задната клупа.

Во поглед на погонските агрегати, новата Series 3 Touring ќе биде достапна со три бензински и три дизел единици: Бензинсците  стартуваат со два мотора со четири цилиндри , 320i Touring со 184 KS и 258 KS во BMW 330i Touring , ана врвот е мотор со шест, цилиндри, BMW M340i xDrive Touring со 374 KS.

Дезелите доашаат со два мотора со по четири цилиндри со 150KS во 318d Touring и 190 KS во 320d Touring, следен е  со шест-цилиндри 330d xDrive Touring, со265 КЅ.

Дизелите со четири цилиндри стандарддно доаѓаат со шест-степен мануелен менувач, а опција е осум-степени Steptronic, додека останатите изведби на Series 3 Touring доаѓаат стандардно со осум-степен автоматски пренос.

Ос BMW велиат дека новиот Touring ќе биде многу поспортски од својот претходник, благодарение на својот низок центар на гравитација и совршената дистрибуција на тежината од 50-50., а ригидноста на телото на автомобилот е зголемена за околу 25 %.

Новата Series 3 Touring ќе располага со неколку нивоа на опременост, како Advantage, Sport Line, Luxury Line и M Sport, а продажбата теба да стартува на 28 септември тековната 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Fiat Toro и Fiat Argo Selection

Промовирана KIA K7 Premier

Пробно производство на Aston Martin DBX

Bentley Flying Spur – ново остварување на супер луксузот

Mercedes-Benz GLB – Нов авантуриста на сребрената ѕвезда!

Новата генерација на Лилипутанецот на струја Renault Zoe со автономија од 400km

Тesla доби ривал од Кина-се вика XPeng P7

Новиот Land Rover Defender на финални тестирања во Кенија!

Електричниот Lotus Type 130 себитира на 16 јули годинава