Претставено мало електрично возило наречено по Хусеин Болт!

До неодамна најдобриот атлетичар на планетата Хусеин Болт, од Јамајка, на саемот VivaTech, во Париз, претстави мало возило со погон на струја а кое го носи неговото име…

Микро-електричниот автомобил Bolt Nano („B“ Nano)  наменет е за возење во урбани средини, на покуси релации.

Bolt Nano, како и сличните модели каков што е на пример и Renault Twizy, може да превезува две лица, кои во автомобилот седат еден зад друг.

На презентацијата не биле соопштени техничките детали, но, се наведува дека тоа возило е идеално за возење на куси градски дестинации, помеѓу три и 24 km.

Како една од најголемите предности на овој микро – електричен автомобил, покрај електричниот погон, се наведува и податокот дека на едно регуларно место за паркирање можат да се паркираат дури четири возлила Bolt Nano, со што се штеди на простор кој во претрупаните градови е секогаш драгоценост.

Исто така,Bolt Nano  e погоден за car sharing системот во големите градови ширум светот.

Проектираната почетна цена на продукциската верзија на овој автомобили изнесува 9.999 американски долари.

Инаку, лично, Jusein Bolt, пред оваа електрична креација на четири тркала, претстави дури три модели на електрични тротинети – Bolt Original, Bolt One и Bolt Chariot.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

AC Cobra вратена во живот и електрифицирана!

Американците го истражуваат Teslа: Пожарите на постарите Model S изведби можеби не се случајни!

Гневен сопственик на Mercedes бара отштета од 200 милиони долари бидејќи му експлодирал стаклениот покрив!

Заборавете на Tesla пристигнува Nikola со извор на вода во кабината, а може да биде и газирана!

Милениумците  обожаваат авто-тјунинг и на тој хоби трошат милиони

Наместо слики на ѕид поставил Lamborghini Diablo VT

Французите против предлогот за ограничувања на брзините на 110км/ч на автопат

Германците со петиција бараат Lada да се врати на пазарот

Видео: Land Rover Еволуција (1948-2020)