Претставен модерниот Baja Boot на Scuderia Cameron Glickenhaus

Производителот на супер спорткси автомобили Scuderia Cameron Glickenhaus штотуку ја заврши изработката на својата модерна интерпретација на Baja Boot

Автомобилскиот производител започна да работи на модерниот Baja Boot во јануари минатата 2018 година, а презентираниот модел претставува примерок со две врати.

Исто така во SCG планираат да изградат и Baja Boot верзија што ќе има четири врати.

Изградениот Baja Boot е погонуван од LT4 V8 мотор од GM кој испорачува 650 КЅ, слично како кај оригиналниот Baja Boot, но новиот има интегриран издувен систем, независен систем за потпирање, 19-инчни за патување и 37-инчни тркала за секакви терени.

Тука се и Wilwood сопирачките со шест клипа (шепи), како и системот за потпирање кој нуди можност за промена на висината до 55 cm.

Во SCG планираат  да се натпреваруваат на годинешниот Baja 1000 со својот нов Baja Boot и ќе продолжи да го произведува моделот со две врати до крајот на наредната 2020 година, а потоа ќе запре со производството на верзијата со две врати и ќе ги фокусира производните капацитети кон поголемата верзија со четири врати.

– Во ноември, тековната 2019 година ќе го возиме нашиот Glickenhaus Baja Boot од Сан Диего , во Енсенада, ќе се натпреваруваме на трката Baja 1000, по што и  ќе се вратиме назад –дома исто така со возење “, рекол на крајот Џејмс Гликенхаус..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan создал приспивна псна за деца што добро спијат само во автомобил!

Колкав период од животот европските возачи „губат“ барајќи паркинг!

Pagani Huayra во ексклузивно Imola издание вредно 5 милиони евра

Видео реклама: Новиот Land Rover Defender во новиот филм за Џејмс Бонд

Glickenhaus 007- Тркачки еспрес

Најавен хипер автомобил – Czinger 21C на Palexpo 2020

Lotus Elise посебна едиција за Австралија

Електричниот ѕвер Pininfarina Battista почна со тестови на тркачка патека

Apex Motor со нов „спортист“ на Palexpo 2020!