Претставување и прво возење на Citroen C5 Aircross и Berlingo Van/Business

Специјализираните новинари од Македонија и од Србија ги запознаа новите адути на француската, марка што годинава прославува 100 години постоење, одбележано со иновации и авангардни модели

Атрактивниот SUV, Citroën C5 и ванот на Европа за 2019 Berlingo, во патничка и товарна изведба беа носечките теми на ова дружење.

Македонската екипа појде во раните утрински часови кон Белград на регионалната презентација на двата нови бидери во понудата на Французите.

Притоа претставителниот SUV, наречен C5 Aircross не освои со својата појава, веќе на стартот а впечатокот се потврди со возењето до Белград и назад и проверката на возните својства на патеката NAVAK, крај Белград.  Иако последен пристига на пазарот на SUV возила во C сегментот, каде веќе се позиционирани Nissan Qashqai, Ford Kuga, Peugeot 3008, Opel Grandland X, Renault Kadjar, Skoda Karoq…сепак најавува дека ќе биде сериозен играч.  

Имено Citroën C5 Aircross изграден е на модуларната EMP2 платформа на РЅА, што ја користат и Peugeot 3008 и 5008, како и Opel Grandland X, односно  луксузниот DS7 Crossback.

Габаритот на Citroën C5 Aircross е должина 4.500 mm, ширина 1.840 mm и висина 1.670 mm., со растојание помеѓу оските од 2.730 mm., со која дава гаранции за големата пространост и комфор.

Во живо C5 Aircross е многу попривлечен одошто на фотографија иако робустен дава доза на префинетост со посветеноста на деталите. Со покрив кој визуелно гледано како да плови, поради големите стаклени површини и црните столбови со кои е „одвоен“  од каросеријата, како и хромираните рамки  на прозорците и капсулите Airbump во подножјето на вратите, Французинот ви дава на знаење дек особеноста е негов дополнителен имиџ.

Со понуда на 30 комбинации на бои со комбинации со црн покрив, столбовите, воздушните капсули , отворите за воздух на предните браници ви овозможуваат да го персонализирате по ваша желба..

Внатре потсетува на C4 Cactus, но со себе својственост, а особено е атрактивен ако е опремен со TFT дигитален екран од 12,3 инча и со екран на допир на централната конзола од осум инча.

Високото технолошко ниво и иновациската одлика на марката и тука е потврдена со имплементирање на 20 технологии од последната генерација за помош во возењето: како Highway Driver Assist, уред за автономно возење од Ниво 2 напредни технологии за поврзување, безжично полнење на паметен телефон, камера ConnectedCAM Citroën®  што снима се што се случува пред возилото.

Моторизацијата е ефикасна и овозможува уживање во возењето  со дизел и бензински мотори моќни од 130 до 180KS а цреша на торта е комбинацијата со EAT8 новиот автоматски менувач со осум степени на пренос.

Воедно C5 Aircross е прв Citroën што од крајот на оваа година ќе располага со Рlug-in Hybrid PHEV технологија.

Во нашето дружење од 1.000 километри докажа дека е удобен за возење и кога се седи напред и кога се седи назад. Во кабината имате многу простор со многу простор за нозете и за главите на патниците одзади сместени во три посебни седишта кои се придвижуваат нанапред и кои се преклопуваат овозможувајќи создавање на рамен под а товарање.

Багажникот  е со капацитет од 580, до 1.630 l, најголем во класата. Уште еден плус на функционалноста.

Убаво и удобно е пловењето по автопат а дополнителен комфор обезбедува системот на премиум амортизери – Progressive Hydraulic Cushions, со два хидраулични граничници, ефикасна и економична замена за легендарното хидро – пневматскио  потпирање на марката..

Во Citroën метафорично и верно го опишуваат како летачки килим бидејќи ги апсорбира ударите од нерамнините и дупките што речиси и да не се пренесуваат на шасијата и кабината.

На патеката NAVAK одлично ги минуваше свиоците без големи навалувања наспроти мекото потпирање и виоката каросерија ( оддалечен од подлогата 230 mm).

Со еден збор удобноста на Citroën C5 Aircross, е врвна како кај премиум лимузина, а на тоа се надоврзува прецизна управливост  каде промената на насоката на возење колку и да е одеднаш и нагло е уверлива и ви дава дополнителна доза на сигурност. На тоа се надоврзуваат економични и ефикасни мотори, како нашиот  1.5 BlueHDi (96 kW), 1,5 литарски, дизел со 130 KS што во секој момент имаше доволно сила и здив веднаш да одговори на притисокот на педалот за гас, а притоа да биде и економичен, како и 2.0 BlueHDI (132 kW) . при што послабиот е впарен со мануелен шест степен и автоматски осум степен менувач, а посилниот само со автоматски .

Освен дизелите C5 Aircross доаѓа со  бензинците: 1.2 PureTech (96 kW) со три цилиндри и 1.6 THP 190 (132 kW) со четири цилиндри. Послабиот е опремен со шест степен мануелен менувач, а посилниот со осум степен автоматски.

Не се очекува погон на сите тркала, но се потенцира одличниот систем за контрола на тракцијата на погонските предни тркала  – Grip Control, што работи во Standard, Sand (песок), Off-road, Snow (снег) и ESP OFF мод на работа. Новиот  C5 Aircross се произведува во погоните во Рен- ла Жане, Франција.

 

Во однос на лесниот комерцијалист Berlingo, кој со својата трета генерација, ја освои втората титулата Европски ван на годината, овој пат за 2019, можеме да дадеме кусо мислење, со право ја носи титулата.

Со себе носи врвни достигнувања во однос на удобноста и технологијата. Верен на слоганот на Citroën Inspired by Pro  посветен на комерцијалните и товарни возила, новото Berlingo Van е идеален партнер за сите професионалци.

Berlingo Van ја продолжува долгата историја на Citroën во сегментот на фургони која вклучува легендарни возила како што се 2 CV Van, Acadiane и C15.

Потсетуваме првата генерација на Berlingo се појавува во јули 1996 и целосно ги поместува границите за овој сегмент на возила во делот на карактеристиките и комфорот. Во текот на годините името Berlingo претставува синоним за репер во сегментот. Новиот модел со афирмиран и модерен изглед се издвојува со својот уникатен изглед достапен во две големини (M и XL). Опремен со 20 системи за помош во возењето и четири технологии за поврзување, новото Berlingo Van во ништо не може да им завидува на патничките автомобили бидејќи нуди вистински комфор во возењето и оптимална сигурност.

Новото Citroën Berlingo Van кое е скроено за сите намени и претставува вистински генерациски отскок во смисла на стил, опременост и модуларност. Совршен и ефикасен  партнер за сите стопанственици со голем товарен капацитет, лесен пристап, две лизгачки странични врати поголеми од претходно и двокрилна задна врата, како и бројни можности за конфигурација на просторот.

Новиот Citroën Berlingo користи новата платформа на Групацијата во предниот дел за поголем комфор, подобро управување и уживање во возењето. Моторите од најновата генеравија на концернот меѓу кои дизел 1.5 BlueHDi, и бензински  1.2 PureTech, а за поголема удобност во возењето се нуди опремен и со автоматскиот EAT8 менувач на брзини .

Со него клусо време се дружевме на патеката NAVAK каде се уверивме на неговата управливост и добри возни својства што се на ниво на патнички автомобил.

 

Разговор со Зоран Буриќ, маркетинг и ПР менаџер на Автонова КАБ, Белград увозник на Citroen за Србија.

Каква беше минатата 20118 година за француската марка на пазарот во Србија?

 

-Брендот Citroen имаше успешна 2018 година со околу 600 пласирани возила, каде главни адути беа моделите C3, C3 Aircros, C4 Cactus и секако комерцијалното возило Berlingo.

Што очекувате во оваа 2019 година и какви се предвидувањата, особено во однос на двата новитета ?

-Со новиот Berlingo и со С5 Aircross очекуваме пораст на продажбата и воедно зголемување на нашето учество на пазарот.

Во однос на новиот SUV моделот C5 Aircrosѕ очекуваме продажба од 100 модели на годишно ниво, а новитетот Berlingo во патничка и во товарна изведба би требало да ја надмине цифрата од 400 единици.

Со очекуваниот пораст на пазарот во наредната година и ние се надеваме дека ќе ја достигнеме бројката од 1000 продадени возила и дека ќе го зголемиме и нашето улество на пазарот !

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kia Stinger GTS на салонот во Њујорк 2019!

КIA HabaNiro Concept изнанадување во Њујорк 2019

Hyundai Venue и официјално во Њујорк 2019!

Подновениот Audi R8 претставен во Њујорк 2019

Peugeot 508L PHEV со глобално деби на Шангај 2019

Глобална премиера на Porsche Cayenne Coupe во Шангај 2019

Renault City K-ZE електричен SUV промовиран во Шангај 2019

Шангај -светска промоција на првиот целосно електричен автомобил на Aston Martin

Во Шангај VW покрај Uz I.D. Roomzz concept и со SMV Concept и SUV Coupe Concept