-
Renault открива дека неговиот нов SUV со 5 и 7 седишта ќе го носи името Espace
-
Легендарното име Espace го поврзува новиот SUV со претходните пет генерации на истоимениот модел
-
Овој ноември, Renault слави 40 години од концептот Espace, првпат претставен во 1983 година.
Добро познат низ Франција и светот, Espace веднаш стана очигледен избор за шестата генерација на новиот теренец на Renault со 5 и 7 седишта. Секоја генерација на моделот Espace растеше во согласност со очекувањата на клиентите и на тој начин стана симбол на своето време.
Денес, Espace започнува ново поглавје во кое ја обединува стратегијата за обновување на брендот и во исто време останува доследен на претходните генерации, бидејќи пред се е удобен, иновативен и врвен автомобил во понудата на Renault.
Врз основа на CMF-CD платформата на Alliance, новиот Espace е направен за долги патувања и нуди доволно простор за најмногу 7 луѓе. Светската презентација на новиот Renault Espace е закажана за пролет 2023 година.