Приказна за автомобилската икона од Италија „Storie Alfa Romeo” епизода 2

Блeскавитe приказни можат а бидат возбудливи и охрабрувачки миг за храбрење во тешки времиња. Добро расажана приказна е како добро направен автомобил, ве собира и ве движи. Може далеку да ве однесе, барем во мечтите. Alfa Romeo ги повиува фановите на патување долго 110 години, оживувајќи ја својата историја со серија волшебни епизоди…

Таква е и следнава… Тоа е клучен момент на легендарната трка Mille Miglia. Водач на трата и веројатниот победник e Ачиле Варзи (Achille Varzi). Но, неколку километри пред езерото, во Верона,  Нуволари (Nuvolari) и Гвидоти (Gvidoti) дошле до неверојатна идеја, да ги исклучт своите фарови. Нивната единствена надеж да го победат ривалот биа да го изненадат.

Наближувале мугрите. По езерото во мирните предели на природата се оди до целта во Бреша. Тиа Варзи и неговиот втор возач Канавеци слушнале одек на друг мотор. Предоцна … пред и да сватат што се случува ги помиал автомобил идентичен на нивниот.

Нуволари победил. Неговата просечна брзина изнесувала 100,45 км/ч. Тоа било прв пат на легендарната трка рекордот на просечната брзина да ја „пробие“ границата од 100 км/ч … Рекрорд што бил на насловните страници ширум Европа. Десет минути подоцна зачудениот Варзи пристига како втор. Трет бил Џузепе Кампари (Giuseppe Campari). Четврти, Пјетро Герси (Pietro Ghersi). Возачи различни по начинот на возење но со едена заедничка црта: сите возеле ист модел на трката, 6C 1750. И не биле единствените. Во наредниот час и половина  пристигнале и останатите 6C модели … вкупно осум во првите 11 пласирани.

Случај на така наречна „апсолутна надмоќ“  што таа година ќе се повтори со три најдобри заврници на трката 24-часа Спа ( Spa) во Белгија и во Белфаст  – Belfast Tourist Trophi. Моделот 6C 1750 едноставно бил најбрзиот автомобил на својата ера.

Семејството на Моделот 6C

Виторио Јано (Vittorio Jano) ја презел грижата за планирање на производите на Alfa Romeo во 1926 годна, a 6C била неговата прва креација. Неговата задача била да измисли „лесен автомобил со брилијантни перформанси “ што ќе победува на трки и ќе ги освојува срцата на обожавателите, но и ќе освојува нови пазари.

Модеот 6C комбинира структурна едноствност и софистициран инженеринг… типични доблести на креациите на Јано. Меѓутоа тој понудил и нешто друго, за што се покажа дека станало посебност на брендот Alfa Romeo: исклучително голема специфична сила.

Јано имал запрепастувачка способност да извлече дополнителни коњски сили од мали мотори, а тоа му овоможувало да го замисли тоа што денес го нарекуваме  „downsizing“ (намалување): дизајнирање на мотори со работен волумен од некаде околу 1,0 литри на пример комерцијалните автомобили – и 2,0 или 3,0-литри луксузни модели. Уште тогаш Alfa Romeo можел да се пофали со најдобар сооднос на тежина/сила … со самото тоа бил и најбрз.

Технолоши иновации

Таа инженерска интуиција резултирала со серија автомобили што станале легендарни.

Претходно Мроси развил оргинален мотори за GP 1914 година (блокиран поради избивање на Првата светска војна), што доминирале со идните дизајни на моторите Alfa Romeo: две брегасти оски во главата на моторот, четири вентили по цилиндер и двојно палење.

Моделот 6C 1900 GT (a подоцна и 6C 2300 и 6C 2500) вовеле нови иновации: независна оска и шасија со заварени (наместо со ковење) компоненти, за да се зголеми цврстината (ригидноста).

Прформансите на Alfa Romeo моделите кога станува збор за управување и држење на патот станале клучен елемент на брендот.

Модел  6C 1750

За моделот 6C 1750, претставен на Саемот за автомобили во Рим во јануари 1929 година, може да се каже дека достигнал целосна зрелост на формулата 6C. Моторот претставувал еволуција на претходниот 1500 шест-цилиндричен линеарен мотор.

Се произведувал во различни верзии – единечна и две-оски, со и без волуметриски компресор … и неговата моќност се движела од 46 кс Turismo верзија, до 102 КС Gran Sport „Fixed head“.  Вториот бил „специјална верзија“, од која се произведени многу малку примероци: цилиндерот на главата и куќиштето на коленестото вратило беа лиени во еден блок за да се отстранат споевите (и ризикот од прегревање), тежината била само 840 кг и максималната брзина достигна 170 км/ч

Моторот не бил единствениот фактор што го направи 6C 1750 врв на автомобилската иновација. Тој користел механички систем на сопирање, со големи клешти што го задвижува преносен систем. Неговата рамка од пресуван челик  била совршено избалансирана и извонредно цврста, со армирано (засилено)вратило (оска).

Пружините на ламелата се поставени надвор од каросреијата на автомобилот, а не под страничните појаси, а долниот центар на гравитација значително го зајакна аголниот зафат при вртење. Резервоарот за гориво е поставен подалеку кон задниот дел, со цел да се добие поголема тежина на задните тркала и да се подобри рамнотежата помеѓу оската. Во согласност со филозофијата на марката, сите иновативни решенија се применуваат како за тркачки, така и за цивилни автомобили.

Колку повеќе победи нижел на трките, толку повеќе растеше фантастичната техничка репутација на моделот. Од неговото воведување, 6C 1750 веднаш постигна значителен раст на продажбата. Помеѓу 1929 и 1933 година, од фабриката Портело излегле 2.579 модели на пазарот во Италија, но и во странство: особено во Велика Британија и земјите од Комонвелтот. Исклучителен резултат, особено имајќи го предвид статусот на автомобилот како исклучително елитен производ. На пример, во Италија чинеше помеѓу 40.000 и 60.000 лири: што била, приближно, седумгодишна просечна плата.

Ера на изработи на каросерии

Моделот 6C биле „ултра“ брз, но и убав. Успехот во најголем дел се должи на неговите креатори кои беа задолжени за неговиот оригинален изглед: занаетчии способни да обединат неколку занаетчиски вештини – седлари, лимари и тапацири … креатори, уметници и стилисти кои оставија свој белег во една ера.

 

До 1930-тите, вообичаено било голи рамки да ги напуштат производните капацитети, опремени само со мотор, менувач и оска.

Купувачот ќе купи автомобил и потоа ќе им нареди на производителите да направат практично уникатна кросрија по нарачка. Првиот оддел за каросерија во фабриката Портело бил започнат дури во 1933 година. Првично постоел  истовремено со претходниот систем на продажба на основната конструкција на автомобилот, продавајќи директно на клиенти и на производителите на каросерии.

6C 1750 понуди исклучителни можности за убаво изработување  и украсување на мајсторите за каросерии. Исклучителната механичка и инженерска основа на Alfa Romeо е посветена на создавање на некои од најелегантните каросерии што досега се изградени … дизајнирани од најдобрите стилисти и купени од најпознатите луѓе.

6C 1750 GS Touring Flying Star

Моделот Flying Star е направен да биде неодолив како и неговата сопственичка: Жозет Поцо( Josette Pozzo)… милионерка, модел и член на високото општество.

Тој беше специјално дизајниран да учествува во натпреварот за елеганција во Villa d’Este во 1931 година, а го изработила компанијата Carrozzeria Touring, чиј основач е Феличе Бјанки Андерлони (Felice Bianchi Anderloni).

6C 1750 Spider бил уникатна креација: скапоцен камен на оригиналност, елеганција и посветеност на детали. Биле комплетно бел, вклучително и шасијата, главите на тркалата, управувачот и седиштата, а единствениот исклучок биле црната инструмент-табла, како контраст.

Турингот му подарил на моделот 1750 нови пропорции, додавајќи низа елегантни естетски детали… како што се спуштени предни и задни прагови што се протегаат од калниците и се испреплетуваат под вратата без да се допираат.

А резултатот? На настанот во Villa d’Este, 6C 1750 GS Touring го освоил Златниот куп за најубавиот автомобил … а самата Жозет го возеше за да ја добие наградата, облечена во прекрасна бела комбинација која одговараше на бојата на возилото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda Scala Spider станува Slavia и потсетува на првите почетоци на марката

Jeep Renegade Orange Edition

Cupra Formentor e новиот официјален автомобил на ФК Барселона !

„Воскреснатиот” Aston Martin DB5 чини само 2,75 милиони фунти!

Фудбалерите на Баерн Минхен ќе возат електрични автомобили на Audi

Промотивно видео Rolls Royce Wraith Kryptos Collection Car

Tesla ја надмина вредноста на Toyota и стана највредна автомобилска марка

Storie Alfa Romeo, 10 епизода – Giulia и Stelvio се одраз на 110 години италијанска извонредност

Porsche 911 Turbo S или Taycan Turbo S…?