Приказна за автомобилската икона од Италија

„Storie Alfa Romeo“, нова интернет серија која „ѕирка“ зад сцената за да понуди преглед на 110 години богатата историја на Alfa Romeо…

Големата икона во светот на автомобилизмот, легендарната италијанска марка овој месец јуни, поточно на 24,  го прослави својот 110 роденден во својот обновен музеј во Аресе (за што пишувавме). Историја пишувана со златни букви со богато спортско, дизајнерско, иновативно, технолошко наследство.  Во таа чeст и во одбележувањето  на значајниот јубилeј ние ќе ви ги пренесеме фантастичните приказни во повеќе продолжнија, почнувајќи од денес, се разбира со сесрдна помош на маркетинг  и PR тимот на Alfa Romeo .

Ќе се нижат необјавени анегдоти и архивски фотографии на изложбени автомобили во Музејот Storico Alfa Romeo Сторико Алфа Аресе.

Епизодата 1 започнува со првиот модел на брендот, моделот HP 24 од 1910 година

Преглед од блиску:

Одличните приказни можат да бидат возбудливи и охрабрувачки, момент на охрабрување во тешки времиња.

Добро раскажаната приказна е како добро изработен автомобил, ве крева и движи напред. Може да ве однесе далеку, барем во вашата фантазија.

Alfa Romeo ги поканува фановите на патување кое трае 110 години, заживувајќи ја својата историја со серија магични епизоди.

Storie Alfa Romeo“: Славиме 110 години историја

Alfa Romeo на 24 јуни, минатата среда, одбележа престижна пресвртница Bisone – како што е познат брендот во Италија –  слави 110 години технолошки иновации, спортски успех и незаборавни креации.

„Storie Alfa Romeo“, интернет серија наменета за љубителите на марката и автомобилизмот, ја слави оваа пресвртница.

Bisone  е фалена не само од ентузијастите, туку и од сите оние кои ја ценат убавината, иновативноста и перформансите.

Испреплетена само со најдоброто од Италија, историјата на Alfa Romeо е инспиративна приказна за карактерот, генијалноста, храброста и триумфот

Alfa Romeo ја раскажува својата приказна: Страст во срцето

Користејќи ги своите најпознати модели и приложувајќи архивски слики на модели кои се прикажани на Museo Storico Alfa Romeo во Аресе, Storie Alfa Romeo ја истакнува италијанската историја и општество, истовремено потенцирајќи ја еволуцијата на брендот од производител на вагони до шампион во мотоспортот и глобална икона.

Како и секоја друга креација која го носи логото Biscione , „Storie Alfa Romeo“ се фокусира на оние што се водени од фасцинацијата со автомобилите. Од епизода до епизода, „Storie Alfa Romeo“ ги гледа гледачите во блиски средби со возачи и ѕвездите, инженерите и дизајнерите, познати и обични фанови на марката – и сите тие претставуваат клучни играчи во креирањето на легендата наречена Alfa Romeo.

Од улицата Via Cappuccio во Милано каде е дизајнирана

„Storie Alfa Romeo“ започнува со првиот автомобил што некогаш сме го направиле, моделот 24 HP, дизајниран од Џузепе Мероци (Giuseppe Merosi) во неговиот дом во Милано. Во улицата на Via Cappuccio, пред компанијата дури да се регистрира како A.L.F.A. (Anonima Lombarda Fabbrica Automobili – Lombard Automobile Factory, Inc.) , во Милано на 24 јуни 1910 година.

Дојдете и откријте ги корените на марката Alfa Romeo, како и нејзината блиска врска со Лондон, Бордо и Неапол, што ширум му ја отвори вратата на овој бренд уште од самиот почеток.

Исто така, ќе ја доживееме уште еднаш тркачката легенда што брендот Alfa Romeo несомнено е: од неговото прво деби на патеката во 1911 година до неговата прва победа во 1923 година во легендарната трка Тарга Флорио (Targa Florio), кога се роди познатиот Quadrifoglio.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda Scala Spider станува Slavia и потсетува на првите почетоци на марката

Jeep Renegade Orange Edition

Cupra Formentor e новиот официјален автомобил на ФК Барселона !

„Воскреснатиот” Aston Martin DB5 чини само 2,75 милиони фунти!

Фудбалерите на Баерн Минхен ќе возат електрични автомобили на Audi

Промотивно видео Rolls Royce Wraith Kryptos Collection Car

Tesla ја надмина вредноста на Toyota и стана највредна автомобилска марка

Storie Alfa Romeo, 10 епизода – Giulia и Stelvio се одраз на 110 години италијанска извонредност

Porsche 911 Turbo S или Taycan Turbo S…?