Принцот на Шведска Карл Филип ќе вози Porsche Carrera Cup!

По неколкуте возења во минатата 2019 година, принцот, во тековната 2020 ќе вози во шампионатот на Скандинавија за 2020-та…

Шведскиот принц Карл Филип (Carl Philip) ќе се трка во првенството на Скандинавија Porsche Carrera Cup 2020.

По впечатливиот настап минатата 2019 година, како гостин, принцот се посветил на тренинзите и на тест возењата и најавил дека е подготвен за активно тркање.

Многу сме среќни и горди затоа што принцот Карл Филип ќе се натпреварува низ целата сезона 2020-та во скандинавскиот Porsche Carrera Cup”, рекол  Рајне Вермелин (Raine Wermelin), директор на марката  Porsche во Шведска.

Принцот е искусен возач и победник, што добро ја познава нашата тркачка серија.“

Принцот Карл Филип, помеѓу другото возел и трки во класата Kanonloppet, во Гелерасен (Gelleråsen) Арената во минатата 2019 година.

Принцот Карл Филип е неверојатен амбасадор на шведскиот мотоспорт и горди сме што можеме да го пречекаме во редовниот состав на возачи за сезоната 2020“, заклучил Вермелин.

Инаку, Porsche Carrera Cup Scandinavia e водечки скандинавски тркачки шампионат  и се одржува на патеките во Шведска и во Норвешка, за време на седум викенди, кога се возат вкупно 14 трки.

Премиерното отворање на сезоната во Ринг Кнутстроп (Ring Knutstorp), во текот на месец мај, а ќе заврши во паркот Монтроп (Mantorp) , во текот на октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan создал приспивна псна за деца што добро спијат само во автомобил!

Колкав период од животот европските возачи „губат“ барајќи паркинг!

Pagani Huayra во ексклузивно Imola издание вредно 5 милиони евра

Видео реклама: Новиот Land Rover Defender во новиот филм за Џејмс Бонд

Glickenhaus 007- Тркачки еспрес

Најавен хипер автомобил – Czinger 21C на Palexpo 2020

Lotus Elise посебна едиција за Австралија

Електричниот ѕвер Pininfarina Battista почна со тестови на тркачка патека

Apex Motor со нов „спортист“ на Palexpo 2020!