Пристига Ducati Monster 821

Ако им се верува на достапните извори, Ducati работи на нов модел Monster 821 што би можел да биде првиот член на оваа линија што нема да има челична trelis рамка ….

Шпионските фотографии на  Monster со алуминиумска рамка се појавија пред неколку месеци, но во тој момент не беше многу јасно на што работи компанијата од „Борго Панигале“.

Неодамна објавените скици сугерираат дека Ducati сака да ја направи машината конкурентна во сегментот на модели од среднa категорија, каде што негови пазарни ривали би биле KTM 790 Duke, Triumph Street Triple и Yamaha MT-09.

Едно е сигурно: алуминиумската рамка не само што носи малку шмек на моделот Panigale V4, туку треба да резултира и во значително намалување на тежината.

Во моментов немаме никакви официјални информации од Италија, но извори наведуваат дека моторот може да го видиме на пазарот пред крајот на 2020 година.

Што се однесува до цената, се шпекулира дека може да биде некаде помеѓу 10.500 и 11.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баварците го претставија првиот мотоцикл со М ознака

Novus- електричен мотоцикл со исклучително мала маса и висока цена

Italjet Dragster

Нов Peugeot Metropolis

Пристигна Bimota Tesi H2

Пристигнува електричен скутер Husqvarna E-Pilen

Во свитата на Путин наскоро и електричен мотоцикл Aurus Escort

Вака би можел да изгледа електричниот „супер бајк” на KTM

Новиот Triumph Trident во 2021!