Пристигаат електрични Porsche Boxster и Cayman

Во наредните неколку години Porsche на пазарот ќе понуди повеќе нови електрични и хибридни автомобили, a помеѓу нив ќе бидат и Boxster и Cayman…

Некои медиуми пишуваат дека целосно електричните верзии на Boxster и на Cayman ќе стасаaт во 2022 година, при што паралелно би можело да се нудат и mild-hybrid и plug-in hybrid варијанти.

Шефот на Porsche Оливер Блум (Oliver Blume) потврдил дека прототип електрични верзии  веќе се тестираат, како и дека се прави и прототип со хибриден погонски систем.

Целосно електрични верзии на Boxster и на Cayman би требало да бидат направени на новата PPE платформа, додека за mild-hybrid и plug-in hybrid верзиите се наведува дека ќе бидат опремени со агрегати на внатрешно согорување, со четири цилиндри, 48V електричен систем и електромотор (plug-in hybrid ќе биде во можност и неколку десетици километри да вози во режим на експлоатација само на струја).

Тоа ќе овозможи актуелните мотори на внатрешно согорување на Porsche да ги исполнат идните еколошки EU7 норми!.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пуштена во употреба обновената бензинска станица на Макпетрол во Куманово

FREEDOM TO MOVE караванот на Volvo Cars за прв пат во Скопје

Maкпетрол со известување за нови цени на нафтените деривати

Bentley го најави новиот Flying Spur!

Новиот  Ford Focus ST Wagon жежок семеен автомобил

Новите MINI John Cooper Works Clubman и Countryman, со над 300 КЅ

Hyundai и KIA инвестираат 80 милиони евра во Rimac Automobili!

VW I.D.3 предизвика вистинска манија на  пазарот!

Mакпетрол ги објави цените на горивата на своите пумпи!