Пристигна Bimota Tesi H2

Конечно беше претставена долгоочекуваната сериска верзија на мотоциклот Bimoto Tesi H2, заедно со информациите за моќноста, кои официјално ќе пристигне на пазарот на 1-ви октомври годинава….

Италијанската „хипербајка“ беше претставена во концептуална форма на минатогодишниот саем на EICMA, како прва креација на Bimotа откако 49% од нејзините акции беа купени од Kawasaki.

Базиран врз Kawasaki Ninja H2, новиот мотоцикл беше фатен неколку пати за време на тестирањето, но ова е првпат да видиме целосно готов производ.

Малку се разликува од машината што имавме можност да ја видиме во Милано.

Сè уште постои импресивен дизајн на оклопот на централниот фар, кој не претрпе скоро никакви промени.

Како „точка врз и“ доаѓа црната графика со италијанската тробојка, што му дава на севкупниот изглед шармот на Apriliа.

Срцето на новата единица е турбо единица со четири цилиндри од Ninja H2, која со себе ги носи истите бројки – 228 КС, или 238 КС според методот на мерење на Ram Air  што го користи јапонскиот производител.

Тоа е под 300 КС за кои првично се шпекулираше, но далеку од тоа дека бројките се разочарувачки.

Со поинаква архитектура од јаглеродните влакна, Bimota Tesi X2 може да се покаже дека е дури и побрз од далеку попознатите Јапонци.

Пред продажбата веќе започна, а испораките ќе започнат на 1 октомври.

Bimota најави производство на 250 примероци, а секој од моделите ќе има плочка со етикета и нумерирање.

Tesi H2 е создаден како промоција на пазарната соработката помеѓу италијанскиот производител и Kawasaki, од која и ќе се појави цела низа на нови машини со цел заживување на култната марка.

Вториот модел ќе биде тркачки мотоцикл во кафе мотор наречен KB4, базиран на Ninja  1000 SX.

Во еден момент од својата историја, Bimota беше водечки италијански производител, но со промената на разни сопственици, компанијата беше доведена до работ на пропаста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баварците го претставија првиот мотоцикл со М ознака

Novus- електричен мотоцикл со исклучително мала маса и висока цена

Italjet Dragster

Нов Peugeot Metropolis

Пристига Ducati Monster 821

Пристигнува електричен скутер Husqvarna E-Pilen

Во свитата на Путин наскоро и електричен мотоцикл Aurus Escort

Вака би можел да изгледа електричниот „супер бајк” на KTM

Новиот Triumph Trident во 2021!