Пристигна новиот CITROËN C3 AIRCROSS SUV

-Новиот Citroën C3 Aircross пристигна во нашата земја и е достапен за продажба со цена што почнува веќе од 16.190 евра….

-Новиот Citroën C3 Aircross достигна зрелост. Притоа не изгуби ништо од својата уникатност, туку напротив истата е унапредена, со што покажува понагласен карактер со нов преден лик, нови декорации во боја и зголемен комфор при патување.

-Удобен SUV за активен животен стил: како дополнение на неговите обележја – модуларност, просторност и патничка кабина исполнета со светлина. Се карактеризира со подобрен комфор, со воведување на седиштата Advanced Comfort и корисни технологии за олеснување на секојдневието, вклучувајќи и поголем 9″ екран на допир.

-Новиот C3 Aircross е позициониран во средиштето на B-SUV сегментот со широка палета на верзии за да одговори на очекувањата на потрошувачите, без разлика дали се приватни или правни лица.

Понаметлив дизајн  и нагласена персонализација

C3 Aircross се здоби со понаметлив дизајн на SUV со голем волумен на силуетата кој се пренесува и во просторната внатрешност и доминантниот став на патот преку подигнато растојание од земјата, како и големите тркала. Неговата уникатност е нагласена со заштита на долниот дел на каросеријата и лакот на тркалата, заштита на подвозјето во предниот и заден дел, кровни носачи со полни и дарежливи форми. При претставувањето, дизајнот и можностите за персонализација на C3 Aircross изразуваат чувство на пријатност и свежина. Денес, новиот C3 Aircross ја достигна својата зрелост. Зачувувајќи ја својата оригиналност и посебност, неговиот разигран став еволуира и моделот се здоби со понаметлив, зрел карактер, сразмерен со очекувањата во овој сегмент.

Поистакнат преден лик

Новиот Citroën C3 Aircross има понаметлив дизајн со целосно редизајниран преден лик со кој се нагласува карактерот и статусот на моделот особено преку новиот светлосен потпис. Хромираните шеврони се надградени и се протегаат кон LED светлата, во духот на новите C3 и C4, но со помускулест пристап. LED светлата овозможуваат уште поголема видливост и безбедност, со што даваат чувство на поголема заштита. C3 Aircross располага и со нова решетка со комплетно нова геометриска шара и нова сребрено-сивкрова заштитна плоча за подвозјето со додатоци во боја, што ја нагласува робустноста на моделот. Новиот преден лик со подобрена структура дава впечаток на повисоко поставен капак на моторот. Изглед со посовремено чуство, поизразен и робустен.

 

Со цврстиот став и високо поставен хоризонтален капак на моторот, заедно со дарежливиот волумен и 360° заштита потенцирајќи го континуираниот застаклен дел од каросеријата, новиот C3 Aircross може да се пофали со наметлив изглед кој инстантно се истакнува во B-SUV сегментот.

Надополнета персонализација

Програмата за персонализација кај новиот C3 Aircross е надополнета со цел да ги задоволи барањата на клиентите кои бараат уникатен SUV според своите замисли, кој ќе се истакнува и разликува.

Надворешниот изглед, надополнет до 70 можни комбинации преку: – 7 бои на каросеријата, од кои 3 нови: Сива Khaki, Сина Voltaic и Бела Polar. – 4 пакети на боја, вклучувајќи 2 нови бои кои го засилуваат текстурираниот ефект: Портокалова Anodised и Темно Сина Anodised. Пакетите на боја содржат оригинални и остро дизајнирани елементи во боја на рабовите од заштитата, на школките на ретровизорите и страничното фиксно стакло. На страничното фиксно стакло се наоѓа новиот страничен потпис каде карактеристичните ленти во боја се надополнети со нова графика во форма на коцка според избраниот пакет на бои, со ефект на хром-огледало во пакетите боја Црна Shiny и Темно Сина Anodised, ефект на бела коцка во пакетот боја Бела Polar и ефект на портокалова коцка во пакетот боја Портокалова Anodised.

– Избор од 2 бои на покрив: бела или црна

C3 Aircross  предлага нови фелни со пографички и подинамичен дизајн со 16″и 17″, обете достапни со дијамантски сјај или целосно црни верзии, нудејќи им на клиентите избор на попрефинет или посмел изглед.

Надополнетата персонализација продолжува и во внатрешниот простор преку 4 различни амбиенти, секој со свој идентитет, за да ги исполни очекувањата и желбите на секој клиент:

–  Амбиент во сериска опрема, едноставен и чист, се состои од сива декорација на седиштата надополнет со декорација од сив текстил на командната табла.

–  Амбиент Urban Blue, одраз на модерност и комфор при патувањето, суптилна комбинација на класика со спортски дух – син штоф со ефект на сина кожа, вкрстена лента на горниот дел од седиштата со мотив на шеврони, како и контролна табла со декорација со ефект на сина кожа.

– Амбиент Metropolitan Graphite, удобен и шик, комбинација од графичка ткаенина со ефект на кожа со сива пропрскана ткаенина, надополнета со вкрстени линии на горниот дел од седиштата со текстура со ефект на светло дрво и лента на командната табла со прскано сива декорација.

– Префинетиот амбиент Hype Grey комбинира сиво-зелена кожа и црна ткаенина со ефект на кожа, сиво-зелена лента на контролната табла и вкрстени линии на горнот дел од седиштата со мотив на шеврон.

Префинетоста на амбиентите Metropolitan Graphite и Hype Grey е нагласена со новото карактеристично порабување од Citroën, единствено на пазарот, кое се забележува преку стилизираните шеврони. Оваа нова техника е претставена кај новиот C4.

Носи смиреност за клиентите со активен животен стил

Седиштата Advanced Comfort за да се чувствувате добро

Новиот C3 Aircross им овозможува на патниците да се чувствуваат како во својот дом, со понатамошно нагласување на комфорот во возилото преку програмата Citroën Advanced Comfort®.

Како дополнување на карактеристичното потпирање кое овозможува водечки комфор во возењето со новите седишта Advanced Comfort, за прв пат претставени кај C4 и C5 Aircross. Достапни со амбиентот на внатрешност Urban Blue, Metropolitan Graphite и Hype Grey, седиштата Advanced Comfort го подобруваат комфорот во седењето преку четири аспекти: визуелен комфор, комфор за добредојде, комфор во држењето и динамичен комфор:

– Визуелниот комфор доаѓа преку форма на уникатно штепување и карактеристично шиење од Citroën што дава визуелно веднаш приметлив впечаток на меко и удобно потпирање.

– Комфор за добредојде, обезбеден од дополнителен сунѓер со дебелина од 15 mm, кој се чувствува веднаш при седнување, слично на душек.

– Комфор во држењето, се карактеризира со засилена поддршка која ја нудат големите и удобни седишта.

– Динамичен комфор, ги прави долгите патувања поудобни преку комбинација на сунѓер со голема густина во средишниот дел на седиштата и подебел, структуриран сунѓер.

Предводник во класата  – простoрност, модуларност и светлина

Новиот C3 Aircross ја задржува препознатливата модуларност, просторност и светлина, за уште поголема благосостојба и разновидност при употребата. Со својата компактна должина од 4,16 m, за прецизно и агилно управување, C3 Aircross претставува единствена понуда во својот сегмент со непобедлив простор во патничката кабина.

Со неверојатна просторност, со исклучителен дел за нозете во задниот дел и делот над главата,  новиот C3 Aircross нуди ненадминлива модуларност, со делива задна клупа што се лизга 150 мм во два одделни дела, како и рамно преклопливо седиште на совозачот, кое обезбедува товарна должина од 2,40 м на особено долги предмети, како што се делови од мебел и спортска опрема со комплета смиреност. Зафатнината во багажниот дел од 410 L може да се зголеми до 520 L благодарение на лизгачката клупа назад (во максимална позиција кон напред) и до 1,289 L вкупен товарен капацитет со преклопени седишта назад .

Друг клучен елемент во внатрешноста претставува исклучителната осветленост, благодарение на големите застаклени површини што дозволува светлината да навлезе во внатрешноста.

C3 Aircross со зголемена функционалност преку новата, поврецизно осмислена централна конзола со голем простор за складирање и во задниот дел, до кој можат да пристапат патниците од предните и задните седишта и да се затвори со ролетна на лизгање. Деловите за складирање се поставени согласно потребите на сите патници, вклучувајќи мала фиока пред совозачот, држачи за чаши вградени во преклопниот централен потпирач за грб на задната клупа, џебови на задниот дел од предните седишта и бројни места за складирање во долниот дел од централната конзола.

Технологии за поедноставно секојдневие и нагласена авантура

Новиот C3 Aircross  е опремен со корисни технологии за уште поголема смиреност и безбедност при управувањето. Располага со нов, уште поголем  9″ екран на допир за поголема едноставност при употреба, видливост и практичност. Новиот, високо квалитетен екран ги истакнува функциите Citroën Connect Nav како и Mirror Screen компатибилни со Android Auto и  Apple CarPlay.  Безжичен полнач за телефон, како и Citroën Connect Assist се исто така вклучени.

Новиот C3 Aircross доаѓа со 12 интуитивни системи за помош при возењето кои го поедноставуваат секојдневието, а секое патување станува полесно и побезбедно. Безбедносните технологии вклучуваат head-up дисплеј во боја, за да се задржат корисни информации во видната линија на возачот, како и препознавање и препораки на знаците за брзина, Active Safety Brake и автоматската контрола на светла. C3 Aircross располага со опрема што го поедноставува секојдневието, како што се пристап и стартување на возилото hands-free, Park Assist и Top Rear Vision камера за движење наназад, што го прикажува опкружувањето околу возилото на екранот на допир.

На крај, за да се нагласи во целост природата на SUV возило и можноста за  избор на режим според карактеристиките на подлогата, новиот C3 Aircross е опремен со Grip Control® и  Hill Assist Descent, систем кој им овозможува на возачите да ја совладаат секоја ситуација која ќе им се наметне, без оглед на надворешните услови. Системот овозможува прилагодување на влечната сила на тркалата напред на возилото во зависност од подлогата по која се движи, како и одржување на брзината при спуштање од ридови, стрмни површини.

Широка палета

Достапни се 3 нивоа на опременост и низа дополнителна опрема, со цел да се излезе во пресрет на сите потреби поединечно:

–         FEEL, основно ниво на опременост, без компромис во однос на комфорот и безбедноста, со помош при тргнување на нагорнина, темпомат со ограничувач на брзина, наслон на задна клупа делив во однос 2/3 – 1/3, пакет Safety (го издвојуваме системот за препознавање на сообраќајни знаци за ограничување на брзина), LED дневни предни светла, 16” челични тркала со 3D раткапни, Citroën Connect Radio DAB со 7“ дисплеј и клима уред.

–         FEEL PACK, срцето на палетата, нудејќи повеќе стил, со сјајно црни кровни носачи и контрастна дополнителна заштита на предниот и задниот браник, како и поголема леснотија при употреба со Mirror Screen компатибилен со Android Auto & Apple CarPlay, како и светла за магла.

–         SHINE, лесно воочлив на врвот од палетата, вклучувајќи 16” тркала од лесна легура и полн со технологија благодарение на Citroën Connect Nav навигациски систем на комплетно новиот 9” екран чувствителен на допир, како и автоматски клима уред. Исто така има и лизгачки седишта во вториот ред, деливи во размер 2/3 со 1/3 со средишен наслон за раце, отвор за скии и интегриран држач за пијалоци.

Новиот C3 Aircross SUV  е достапен со палета ефикасни мотори со високи перформанси –бензински мотори PureTech, како и дизел мотори BlueHDi: PureTech 110 со 6-степен мануелен менувач, PureTech 130 со автоматскиот менувач ЕАТ6, BlueHDi 100 со 6-степен менувач и BlueHDi 120 со автоматски менувач EAT6.

Технички карактеристики

Должина: 4,160 mm

Широчина: 1,760 mm

Висина: 1,640 mm

Меѓуоскино растојание : 2,600 mm

Зафатнина на багажен дел : 410 L-520 L,  и до 1,289 L вкупен товарен капацитет

–         Линк кон каталог:

: https://www.citroen.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/C3_AIRCROSS_MI_VIE_2103_MK_web.pdf

Линк кон ценовник: https://www.citroen.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/CITROEN-C3-AIRCROSS-01-07-2021.pdf

Линк кон моделска страница: https://www.citroen.com.mk/vozila/nov-c3-aircross-suv/

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Maserati Grecale пристигнува 16 ноември

Aura EV – футуристички двосед на струја со голема автономија

Идната генерација на Dacia Duster -хибриднa, но и натаму пристапна

Toyota Corolla Cross GR Sport

Во Zenvo Automotive планираат хибриден супер автомобил

Претставен Nissan GT-R:ексклузивна верзија за најсреќните

Citroen C5 Aircross Black Edition

Geely Vision X6 Pro

Претставен BYD Ocean-X Concept