Пристигна потполно електричниот Renault Twingo Z.E.

Од Renault и официјално ја „открија“ електричната верзија на својот градски Лилипутанец, моделот Twingo…

Новитетот Renault Twingo Z.E. е придвижуван од електромотор поставен на задната оска со моќност од 60 kW (82 KS) и вртежен момент од 160 Nm.

Во комбинација со LG Chem батерија со капацитет од 22 kWh, електричниот Лилипутанец од 0 до 50 km/h забрзува за помалку од четири секунди и постигнува топ брзина од 135 km/h.

Автономијата на Renault Twingo Z.E. со едно полнење на батериите изнесува 250 km според урбаниот циклус на мерење WLTP, односно 180 km комбинирано возење според WLTP мерењата.

Дополнувањето на батериите на Twinga Z.E. трае 13.3 часа на стандардна домашна електрична мрежа со моќ од 2.3 kW, осум часа со домашен ѕиден полнач од 3.7 kW и четири часа со ѕиден полнач од 7.4 kW.

Од Renault велат дека погонскиот систем има водено ладење, што е прв пат за некое електрично возило ај овој производител на автомобили од Франција.

Електричниот Twingo Z.E. e седмиот ЕV на Renault, по Twizy, потоа по Zoe што веќе настапува со втората генерација, Kangoo Z.E. I Master Z.E. веновите, изведбите на производителот од Јужна Кореја Samsung SM3 Z.E. лимузината и K-ZE crossover што е достапен на пазарот во Кина.

Инаку Renault Twingo Z.E. ќе се склопува во погоните на фабриката на Renault во Ново Место, Словенија, а кога станува збор за цената таа се уште не е објавена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volkswagen Arteon coupe: евтина алтернатива на Audi A5 или нешто повеќe?!

Разбојникот го исфрлил сопственикот од автомобилот но потоа не знаел да излезе од него !

Известување до потрошувачите, целокупната јавност и до сите релевантни институции

Новата Opel Mokka веќе ја возеше Јирген Клоп

Се продава Dodge WC-57 во кој во Втората светска војна се возел легендарниот Генерал Патон

Долга традиција на електрични автомобили на Opel

Alfa Romeo GT Junior на струја и со повеќе од  500 КС

Audi го заштити името R8 Green Hell и ја потврди екстремната изведба

Fiat 500e Abarth- Спортската икона доби погон на струја