Пристигнува baby Jeep

На почетокот на овој месец, за време на настанот Stellantis EV Day, oд Jeep ги објавија своите новини за претстојниот период .

Пред се, нивниот план е да понудат барем еден модел со нулта емисија на штетни гасови во секој сегмент на SUV возила до 2025 година, а 70% од сите продадени возила од таа година да бидат барем делумно електрифицирани.

Меѓу другото, беше потврден и новиот мал Jeep, кој беше најавуван претходно како „ултра компактно комунално возило“.

Новото дете (чие име сè уште не е познато) затоа ќе биде малку помало од моментално најмалиот модел на Renegade, а како што е најавено, покрај секојдневната погодност, ќе ги нуди и познатите теренски можности на Jeep.

Некои претходни најави велат дека малиот Jeep ќе има и 4хе plug-in хибридна верзија, но не е исклучена ниту целосно електрична варијанта (на новата генерација платформа Stellantis CMP која пристигнува во 2022 година).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Maserati ќе настапи во формула Е во сезоната 2022-23

Hyundai i20 N WRC

„Кармејкерите“ поради пандемијата имат 210 милијарди долари загуби

По 12 етапи и над 8.000 километри низ пустина заврши Дакар Рели 2022

Audi со четвртата етапна победа докажа дека „апсолвира“ на Дакар рели!

Легендата на Дакар Рели дојде до првата етапна победа во годинешното издание

Dakar Rally 2022 одбележан со Toyota што ги освои сите места на подиумот

Audi на осмата етапа покажа дека созрева во сериозен играч на Дакар

Себастијан Леб ја потврди шампионската класа