Пристигнува BMW Series 1 во потполно електрична изведба!

Планот на баварците за офанзива на пазарот со EV вклучува и лансирање на целосно електрична Series1 што на пазарот ќе се појави под ознаката i1…

Целосниот електричниот i1 би можел да пристигне на пазарот веќе 2021 година, пишува Auto Express по разговорот со Роберт Ирлингер, шефот на BMW i .

„Дури и во предната погонска архитектура ќе видите целосно електрифицирани автомобили, ќе видите електрификација во целото портфолио, рекол Ирлингер.

Можеме да ги преработиме нашите погони на предните тркала, како и платформите за погон на задните тркала, така што двете се во можност да ги прифатат сите технологии, при што нашите клиенти ќе имаат можност за избор“, додаде тој.

 

Стратегијата за електрификација на BMW е да ги одржува своите батериски електрични возила визуелно слични на нивните колеги со конвенционалните погонски системи.

Претстојниот модел на германскиот производител i4 ќе биде електричен роднина на Серија 4, додека iX3 го задржува истата форма на каросерија како регуларниот X3, така што за i1 се очекува да има навистина близок изглед до редовната Серија 1.

„i4 е спортски седан со четири врати, целосно електрифициран, јасно видлив како iCar, а можете да го видите концептот на Серија 4 како купе со две врати, додека i4 ќе биде купе со четири врати, засновано на концептот, што ќе биде целосно електричен“, коментира Ирлингер.

Хечбекот на струја ќе нуди и опција со два електрични мотори, што во суштина ќе го прави со погон на сите четири тркала а кога е во прашање актуелниот i3, Ирлингер рече дека не треба да очекуваме директна замена за моделот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Ultra-Compact BEV во 2,5 m спакуван автомобил на батерии!

Нова Škoda Octavia официјални скици

Наскоро нова Toyota Yaris

Honda наскоро ќе го „открие“ новио Jazz

Конечно вака изгледа новиот VW Golf8, a дебитира за една недела!

Подновен успешниот комерцијалист – Fiat Talento

Porsche Taycan 4S –  „поевтина“ ентри верзија на електричниот тркач

Претставена Toyota Mirai concept

Toyota RAV4 Plug – in Hybrid