Пристигнува електричен pick-up Fisker Alaska!

Во текот на минатиот месец –Fisker, на салонот за потрошувачката елетроника CES, во Лас Вегас, САД, коечно го претстави долго најавуваниот електричен SUV моделот Ocean (што од 2022 година ќе биде во понудата и на купувачите на Стариот континнт, но во компанијата како да го забрзуваат темпото и најавуваат, набргу, помоција и на други модели…

Една од тие најави е и електричниот  pick-up моделот Alaska, што е „разоткриен“ преку една „тизер“ фотографија (слика).

Во овој момент за тој работник на струја се уште нема некои конкретни детали, но се очекува истиот да го има електричниот погонски систем што се имплемнтира и во Fisker Ocean.

Тоа, пак, подразбира синергија на два електромотора, заедно со литиум – јонска батерија со апацитет од  80 kWh (истата од 0 до 80% од капацитетот, на брз полнач, се полни за само половина час) а обезбедува автономија на возње со едно полнење на батеријата од 250, до 300 милји, односно од 402, до 483 km.

Од овој работник на струја исто така може да се очекува и извесно ниво на автономија во возењето, исто така и погон на сите четири тркала ( затоа се и двата електромотори, по еден на секоја оска), потоа голем колорен екран чувствителен на допир, диигитална инструментална плоча, заедно со head-up дисплеј …

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најавен Levdeo A10E

Совет : Не ставајте/ кревајте нозе врз арматурата

Се продава Mercedes-Benz S600 што би во сопственост на Мајкл Џордан!

Шпионски  фотки: Opel Crossland X -2021

Volkswagen го гаси производството на најскапиот модел

Пробни камери за „лoвење! на тие што снимаат сообраќајки на пат!

Над 600 илјади хотели во светот го прифаќаат биткоин како валута!

Снимен новиот Ford F-150 Raptor

Porsche Carrera GT во напуштен салон собира прашина!