Пристигнува електричен скутер Husqvarna E-Pilen

Конзорциумот Pierer Mobility AG, матичната компанија на брендовите KTM и Husqvarna, неодамна ја објави својата најнова презентација за своите инвеститори, најавувајќи ги, помеѓу другото, и плановите за 2021 и 2022 година…

Еден од важните настани е лансирањето на првиот електричен скутер на Husqvarna, кој треба да дебитира следната година.

Наречен Husqvarna E-Scooter, оваа „зелена“ машина ќе се напојува од електричен генератор од 4 kW.

Кога станува збор за превозот во градски услови, новиот скутер нема да биде меѓу најмоќните машини од ваков вид на пазарот, но со соодветна цена и брзо време на полнење, тој ќе може да им се наметне на конкурентите.

Но, тоа не е сè.

Шведскиот производител моментално работи на електричен уличен мотор, кој би станал член на семејството Vitpilen/Svartpilen, а кога ќе се појави на пазарот, ќе го понесе името Husqvarna E-Pilen.

За жал, нема многу детали за тој мотоцикл, но познато е дека клиентите ќе можат да избираат помеѓу варијантите од 4 kW и 10 kW на моќност.

Според достапните информации, , E-Pilen Е- ќе пристигне на пазарот во текот на 2022 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баварците го претставија првиот мотоцикл со М ознака

Novus- електричен мотоцикл со исклучително мала маса и висока цена

Italjet Dragster

Нов Peugeot Metropolis

Пристига Ducati Monster 821

Пристигна Bimota Tesi H2

Во свитата на Путин наскоро и електричен мотоцикл Aurus Escort

Вака би можел да изгледа електричниот „супер бајк” на KTM

Новиот Triumph Trident во 2021!