Пристигнува електричен VW I.D. Vizzion concept

Неодамна беше потврдено дека Volkswagen ID. Space Vizzion ќе дибие сериска верзија воо текот на 2023 година, а сега, некои медиуми пишуваат дека сериската варијанта на I.D ќе започне со производство во истата година…

Според некои извори, сериската верзија ќе ја носи ознаката Aero, а ќе се прави во фабриката на Volkswagen, во Емден, Германија.

Како што стојат работите сега, тоа ќе биде голем електричен седан (или coupe со четири врати), кој на крајот може да го замени сегашниот Arteon.

Концептната верзија имаше два електромотори и вкупно 306 КС, како и автономија, што со едно полнење на литиум-јонски батерии изнесува 665 км.

Сепак, останува да видиме какви карактеристики ќе има серискиот модел на Германците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Nissan Note и официјално дебитира

Volkswagen ID.5 само за Европа

Во Кина дебитираше освежениот Jeep Compass

Nissan Note дебитира утре

Kia Sorento Yosemite Edition и  Sorento Zion Edition

Уловена Kia Sportage 2022

BYD D1

Elation Freedom супер спортист на струја

Ford Kuga FHEV пристигна на пазарот