Пристигнува и мал Land Rover!

Откако претходно годинава на јавноста и беше претставен новиот Defender, во Land Rover планираат својата понуда да ја прошират и со еден многу по пристапен модел…

Имено, станува збор за baby SUV модел со стартна цена од околу 25.000 британски фунти за основната верзија.

За baby SUV би се користела новата платформа D10, a целиот проект , наводно, се води под внатрешна (кодна) ознака L860.

Изгледот ќе биде инспириран со новиот Defender, но L860 секако ќе понуди и поскромни пакети со опрема и не толку пространа кабина во споредба со Defender.

Тој мал Land Rover во продажба би можело да се појави во текот на третиот квартал на 2021 година и тоа во верзија на каросерија со пет врати.

Автомобилот стандардно, најверојатно, ќе се нуди со погон 4×2 (само на предни тркала) и со мотор со три цилиндри, бензинец, со работен волумен од 1,5-литри (во turbo и mild-hybrid верзии), a би можел да се произведува и вон Велика Британија, најверојатно во погоните на новата фабрика на Jaguar Land Rover, во Словачка.

Се очекува и помоќна верзија со мотор со четири цилиндри и со погон на сите четири тркала (4×4), a можни се и верзии со plug-in хибриден погонски систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео: најава за новите BMW M3 и M4

VW ID.3 најпродаван модел во првата половина на септември во Норвешка!

Dacia најави SUV со 7 седишта за 2021

„Сензационален трансфер“- Rimac станува сопственик на Bugatti

Шпионски фотографии на хибриден McLaren од спортската серија

Tesla во еден ден загуби 80 милијарди долари од својата вредност!

Миризбата на новиот автомобил повеќе нема да биде негова одлика!

Во Франција објавени цените за новиот Citroen C4

Suzuki Jimny најде начин да се врати во Европа како Jimny Van