Пристигнува најмалиот- baby Jeep!

Веќе некое време низ специјализираните портали циркулираат информации за скорешно пристигнување на најмалиот модел на легендарниот бренд на теренски возила – Jeep…

Пристигнувањето на „baby Jeep“ е најавено за 2022 година при што идниот Лилипутанец се дефинира како – ultra compact utility vehicle, што ќе биде помал, од во моментов најмалиот модел Renegade, во понудата на Jeep.

Во тој контекст Марkо Пигоци (Marco Pigozzi) шефот за маркетинг на Jeep во Европа, најавил дека овој засега не именуван модел ќе биде долг околу четири метри, a тоа значи дека ќе биде подолг од Suzuki Jimny и покус од  Nissan Juke.

Покрај тоа се најавува дека тој модел, покрај секојдневната практичност, ќе ги понуди и  познатите за Jeep, теренски (off-road) способности.

Сега, ако е земе во предвид спојувањето на големите автомобилски концерни FCA и PSA, најверојатно новиот мал Jeep ќе добие платформа од Peugeot-Citroen понудата (врз која инаку се направени и Peugeot 2008 и DS 3 Crossoback), a покрај стандардните варијанти извесна е и целосно електрична верзија со автономија на возење, со едно полнење на батериите од околу 340 km.

Исто така, со додавање на уште еден електромотор за тркалата од задната оска овој модел би добил и погон на сите четири тркала.

И да додадеме, дека и претходно од Jeep пристигаа најави дека до 2022 година нивната комплетна гама ќе биде електрифицирана, се со цел Jeep да стане “нај зелен SUV  бренд на светот“.

Тоа значи дека Compass, Cherokee, Grand Cherokee, Wrangler, Renegade, Grand Commander, Wagoneer и Grand Wagoneer ќе се нудат и во hybrid, или, plug-in hybrid верзии.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW го смени шефот за развој на софтвери- Дојде како засилување, заминува како разочарување!

Jeep освои престижни награди со моделите Renegade, Wrangler и Grand Cherokee

Tesla атак со пониски цени и посилни полначи!

Горивата од полноќ повторно со повисоки цени

Во идниот квартал Tesla планира да произведе рекорден број електрични возила

Uber ја купува апликацијата за достава на храна Postmates

Врачена наградата Автомобил на годината во Македонија за 2020 година и признанието СУВ на годината

Новиот Bronco на нови фотки пред официјалната промоција

Suzuki го повлекува Jimny од европскиот пазар