Пристигнува нова Honda CBR600RR

Пред неколку недели пристигнаа шпекулации и шепотења дека новата Honda CBR600RR треба да пристигне во август, а сега од Honda истото тоа го потврдуваат…

Како што можеме да видиме од „тизерот“ на Honda, гласините беа вистинити, доаѓа нов мотоцил на Honda, но немаме многу информации за истиот.

Видеото го прикажува изгледот на новиот мотоцикл, а од него забележуваме фиксно закрилце, во близина на фарот, што го нема аеродинамичкиот дизајн како на CBR1000RR-R, а исто така гледаме и голема TFT табла со инструменти.

Очекуваме инерцијална мерна единица, покрај стандардниот ABS систем.

Најголемото прашање е на кои пазари ќе стигне Honda CBR600RR.

Јапонија и Соединетите држави се сигурни 99,9%, но Европа сè уште е под знак на прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баварците го претставија првиот мотоцикл со М ознака

Novus- електричен мотоцикл со исклучително мала маса и висока цена

Italjet Dragster

Нов Peugeot Metropolis

Пристига Ducati Monster 821

Пристигна Bimota Tesi H2

Пристигнува електричен скутер Husqvarna E-Pilen

Во свитата на Путин наскоро и електричен мотоцикл Aurus Escort

Вака би можел да изгледа електричниот „супер бајк” на KTM