Пристигнува нова Suzuki Hayabusa

Рендерот, базиран на најновите информации што доаѓаат од Јапонија, дава јасен увид во долгоочекуваната нова генерација мотоцикл Suzuki Hayabusa , што официјално ќе биде претставен подоцна оваа есен…

Шепотењата за новиот Hayabusa циркулираат од почетокот на 2018 година, кога се појави Concept GSX, но претходната варијанта на мотоциклот излезе од производство на крајот на истата таа година, без да пристигне наследникот.

Во февруари оваа година, Suzuki објави патенти кои сугерираат дека се подготвува освежена верзија на оригиналнaта „макина“ на две тркала.

Сега овој рендер ни дава најдобра идеја што да очекуваме за претстојните варијанти на познатиот модел на јапонската компанија.

Тоа ќе претставува одамна задоцнета замена за втората генерација на моделот GSX1300R Hayabusa, со мотор од 1.340 кубни сантиметри, претставен во 2007 година.

Подоцна, мотоциклот доби Brembo Monobloc сопирачки, потоа АВСС, а неговото производство престана со воведување на нови, многу построги регулативи за издувни гасови.

Со цел да се исполни стандардот Euro5 и истовремено да се задржи статусот на легендарниот хипер-мотор, новиот Hayabusa ќе има единица со поголем волумен, од околу 1.440 кубни сантиметри, со редизајниран вцисник и издув. Се очекува да донесе моќ од околу 200 КС.

Исто така, се очекува мотоциклот да има и нов S.I.R.S. („Паметен“ систем за возење на Suzuki), кој веќе е на новиот модел V-Strom 1050 XT.

Тоа ќе значи ABS, кој ќе биде контролиран од нова единица за инерцијално мерење (IMU), повеќе режими на возење и контрола на крстарење, а сите овие опции ќе бидат достапни преку новата табла со инструменти TFT.

Мотоциклот ќе ја има познатата алуминиумска рамка, иако во малку изменета форма, со најновата суспензија предната и задната страна.

Како што рековме, премиерата се очекува во текот на оваа есен, а почетокот на продажбата е закажан за пролетта следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

BMW R18 Classic

Volcon Grunt електрична of road машина на две тркала

Ducati повторно на продажба

Електричен мопед Segway eMoped C80

Kawasaki офанзива- во наредните месеци шест новитети

Benda LF-01 concept

Баварците го претставија првиот мотоцикл со М ознака

Novus- електричен мотоцикл со исклучително мала маса и висока цена

Italjet Dragster