Привремено запрено производството на Audi E-Tron

Во Audi го запреа производството на својот енивниот електричен SUV E-Tron бидејќи во моментов ги „кочи“ проблемот со снабдување на батерии, што е општ проблем за сите големи производители што сакаат масовно да произведуваат EV…

Од Audi вќе ги претставија  E-Tron S и E-Tron S Sportback, за кои пишувавме и начие производство ќе се насочи во следниот период со цел да ги надмине проблемите со кои се соочуваат традиционалните производители на автомобили за зајакнување на електричните автомобили и да ја предизвика Tesla што зема се посилен замав на пазарите на Стариот континент .

 

Производството во фабриката на Audi во Брисел е запрена во четвртокот, а погонот ќе паузира до вторник по што најпрофитабилниот бренд на Volkswagen Group мораше да го одложи лансирањето на E-Tron на пазарот по претставувањето во септември 2018.

Поранешниот извршен директор на BMW групацијата Маркус Дусеман во април ќе ја преземе функцијата на извршен директор во Audi со цел да ги забрза напорите на реструктуирање и да се обиде да ја врати технолошката предност на брендот.

Во ноември минатата 2019 година Audi постави планови за намалување за околу 15 % на вработените во Германија до 2025 година о рамки плановите и програмата да се зголеми заработувачката за шест милијарди евра.

Компанјата Audi се соочува со проблем поради недостатокот на батерии кои ги добива од LG Chem фабриката во Полска, проблем со кој се соочуваат речиси сите производители во Европа, бидејќи фабриката во Полска има недостаток на капацитет да ги исполни барањата на автомобилските производители.

Фабриката LG Chem е единствениот добавувач на батерии за Audi, но гигантот од Инглоштад бара и други добавувачи на батерии.

Во иста ситуација е и Jagiar I-Pace, директен ривал на E-Tron, а само од  Mercedes-Benz негираа дека ќе го намалат производството на EQC од 60.000 на 30.000 поради недостатокот на батерии од LG Chem.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Daimler плати 1,5 милијарди долари за Регулаторот да ја запре постапката против него

Автомобилската индустрија во ЕУ произвела 2,4 милиони возила помалку

Есенски изненадувања од FIAT!

Ford ги запре испораките на Kugа PHEV поради опасност од самозапалување!

Mitsubishi од септември ги запира испораките на SUV возила во Европа

Уште еден познат автомобил исчезнува од пазарот во САД!

Toyota Corolla – Најпродаван автомобил во првата половина на 2020 година

Шефот на РЅА Opel од идната година ќе носи профит

Golf се врати на врвот на Европа!