Проблемот со софтверот освен VW Golf 8 ја забави и Škoda Octavia

Се започна кога беше откриен софтверски проблем на некои примероци на новиот VW Golf од осма генерација…

Според Autonews Europe, повикувајќи се на официјален извор од Volkswagen, проблемот се однесува на систем кој му дозволува на возилото автоматски да контактира со службите за итни случаи во случај на несреќа.

Функција што Европа е задолжителна во нови модели во последните две години.

Според информациите пренесени од агенциите, поради овој проблем е поставен црвен аларм во целата Volkswagen група, а покрај Golf, под лупа е уште еден исклучително важен модел во германската Групација – новата Škoda Octavia.

Сите знаме дека Octavia е долгогодишен бестселер на чешкиот производител, и доколку се откријат проблеми, откако започнаа испораките на ова возило, илјадници примероци би биле потенцијално загрозени.

Затоа Škoda најави дека ќе преземе превентивни мерки за да се спречи тоа да се случи, што значи дека испораките на автомобили до клиенти се привремено одложени, како што е случајот со Golf 8.

Се проценува дека ажурирањето на софтверот за Golf ќе стане достапно помеѓу 15 и 21 јуни, па се очекува истиот да се ажурира и во моделот Octavia. Од истата причина, софтверот се тестира и на новата генерација на модели Seat Leon и Audi A3, бидејќи и тие како и Golf и Octavia припаѓаат на истата генерација на компактни автомобили VW Group.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија – Преполни плацови со нови возила купувачите претпазливи

На глобално ниво Renault отпушта 15.000 работници!

Пазарот во Германија полека заздравува

Пресврт: РКЕ со одлука за поевтинување на горивата од полноќ!

Продолжува окрупнувањето во авто- индустријата: Алијанската меѓу Ford и Volkswagen се официјализира

Datsun redi-GO facelift

Најавена новата Nissan Frontier

Еуроимпекс во партнерство со меѓународниот проект во рамките на програмата  „Еразмус +“

Извозната агенција на Италија одобри заем за Fiat Chrysler