Пробни дозволи за суперспортски автомобили

Владата на Јужна Австралија најавува големи реформи во политиката за безбедност на патиштата по судски случај, пишува ABC News.

Можните реформи вклучуваат посебна дозвола за оние кои сакаат да возат возила со поголема моќност.

Вакви закони веќе се во сила во многу австралиски држави за привремени возачи и возачи на мотоцикли.

Понатамошните мерки вклучуваат забрана за исклучување на контролата на тракција (пролизнување) кај возилата со голема моќност.

Исто така, постои притисок за заострување на забраните за возење на возачите обвинети за сообраќајни несреќи со смртни последици, наведува пренесуваат агенциите.

Овој потег доаѓа по контроверзниот локален судски случај поврзан со фатална несреќа во 2019 година.

Имено, во инцидентот трагично загина 15-годишната Софија Нејсмит (Sophia Naismith) кога ја удри Lamborghini Huracan, управувано од Александар Кембел (Alexander Campbell).

Возачот изгубил контрола и со својот Huracan се качил на пешачката патека и удрил во предниот дел на кинески ресторан, при што загинала Нејсмит, а уште еден од гостите во ресторанот бил тешко повреден.

Минатата недела, Кембел беше ослободен од обвинението за предизвикување смрт поради опасно возење, откако се спогоди со судот и се изјасни за виновен за помало обвинение, односно за невнимателно возење.

Пресудата предизвика брз одговор од заедницата, а семејството на Софија Нејсмит почна силно да се залага за реформи. Сега локалната власт презеде акција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Haval H-Dog

Електричните возила само за една година поскапеа за 9.000 евра

Хибридниот WEY Yuanmeng привлекува со атрактивен „ретро лик“

Најавен Zenvo со 1800 КС

Mате Римац – кај супер богатите нема штедење

MINI како количка за продавање на сладолед – MINI Cummins Ice Cream Vans

Сопствениците на Tesla се жалат на воланот кој се распаѓа по 6.000 км

Снимен електричниот Maserati GranTurismo Folgore

Acura Precision EV Concept