Пробни камери за „лoвење! на тие што снимаат сообраќајки на пат!

Сообраќајните несреќи предизвикуваат лични фрустрации, а честопати и сериозни повреди, а на местото на несреќата доаѓаат службите за итни случаи и се обидуваат да ги спасат преживеаните, а никому не му требаат другитр возачи кои поминуваат крај местото несреќниот настан и при минување снимаат сцени од несреќата …

Во Германија снимањето на сообраќајни незгоди се казнува, а и Велика Британија наскоро ќе започне со таа програма. Полициските службеници во Дербишир (Derbyshire) ќе постават специјални камери веднаш до местото на несреќата што ќе го снимаат сообраќајот.

Видеата ќе бидат разгледани подоцна, а сите сообраќајни „воајери” кои со мобилен телефон ја снимаат сцената на несреќата ќе бидат казнети.
Снимањето на местото на несреќата не е само морално сомнително, туку и опасно.


Многу возачи забавуваат, сакаат да видат што се случило, и ако зад нив се тие што сакаат да го снимаат тоа и не се концентрираат на патот, често следат нови несреќи.

Само во Соединетите држави, се проценува дека 10 до 16 проценти од несреќите се случуваат како резултат на овој феномен, односно недостаток на концентрација во возењето заради снимање на сообраќајни несреќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Sonata N Line

Ваков скок може да изведе само Kia

Новиот Tesla Roadster ќе настапи на Нирбургринг 2021

Наједноставно и најевтино амфибија возило

Radical SR10 за тркачи и вистински ентузијасти во големите брзини

Видео: најава за новите BMW M3 и M4

VW ID.3 најпродаван модел во првата половина на септември во Норвешка!

Dacia најави SUV со 7 седишта за 2021

„Сензационален трансфер“- Rimac станува сопственик на Bugatti