Пробно производство на Aston Martin DBX

Полека но сигурно Aston Martin се приклучува на друштвото на автомобилски компании што во својата понуда имаат SUV модели совисоки спортски перформанси …

Нивниот прв повишен автомобил чија продукциска серијај е веќе на монтажните ленти во новата фабрика на компанијата во Велс што со полн капацитет ќе почне да работи од половината на наредната 2020 година.

Покрај DBX во новата фабрика ќе се произведуваат и лимитираната серија на електричниот модел Rapid E што во 2021 година ќе го наследи електричниот модел на ново основаниот подбренд Lagonda, a низ сите планирани проекти на Aston Martin работн место ќе обезбедат речиси 4.000 работници.

Според последните информации, DBX на почетокот ќе се нуди во комбинација со AMG агрегатот, со работен волумен од  4,0 –литри, со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква „V“, со две турбини (biturbo), a понудата со тек на времето ќе биде проширена и со домашниот агрегат со 12 цилиндри, исто така поставени во конфигурација на латинската буква V со кој DBX би можел да добие и по некоја „лута“ верзија наострена за супериорни перформанси.

Во Aston Martin потврдија дека превезот од продукциската верзија ќе биде симнат кон крајот на тековната 2019 година, што некако не насочува на саемот на автомобили што во ноември се одржува во градот на Ангелите, во САД..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патниците во автомобили од пониска класа во сообраќајки гинат двојно повеќе од тие во повисока!

Mazdа 3 со турбо мотор и 4х4 погон

Наскоро нов SUV -Great Wall Haval

Renault и официјално доби државен заем, но останатите кармејкери од Франција не реагираат!

Обновена Kia picantо за пазарот во Европа

Honda глобално повлекува над еден милион возила!

Peugeot го претстави електричниот e-Traveller

Volkswagen Arteon (2021): ќе има Shooting Brake верзија со 333 KС

Alfa Romeo подготвува електричен мини SUV!