Продажбата на автомобили со батерии во Германија повторно силна, но не и на хибриди

Продажбата на целосно електрични автомобили во Германија повторно се забрза во март, додека интересот за plug-in хибриди е во длабока рецесија, покажуваат новите податоци од федералната канцеларија за моторни возила….

Околу 44.100 нови автомобили на батерии излегоа на улиците во март, 28 отсто повеќе од 12 месеци порано. Во исто време, продажбата порасна двојно побрзо отколку во февруари. На за истиот период, продажбата на plug-in хибриди падна за речиси 39 отсто на годишно ниво, на 16.780 нови автомобили.

Ова аналитичарите го објаснуваат со истекувањето на државните субвенции – на крајот на годината владата ги намали субвенциите за електричните возила и целосно ги укина за plug in-хибридите.

Затоа, многумина побрзаа да купат е-автомобил во декември, па продажбата „значително се намали на почетокот на годината“, рече Питер Фус (Peter Fuß) од консултантската фирма EY, а „уделот на е-возилата во првиот квартал на 2023 година падна за четири отсто во споредба со минатата година, на само 20 отсто.

Бројот на сите новорегистрирани возила во март достигна 381.361, околу 17 отсто повеќе од 12 месеци претходно.

„И покрај ова, бројот на нови регистрации во првиот дел од годината остана далеку под долгорочниот просек“, рече Рајнхард Зирпел (Reinhard Zirpel), претседател на Меѓународната асоцијација на производители на автомобили.

„Пазарот сега се одржува на многу заостанати – не реализирани нарачки“, а тоа може да се промени по вториот квартал, напомена Зирпел.

Автомобилските фабрики со месеци не можеа да ги исполнат сите нарачки бидејќи нивното производство беше забавено поради кризата со чипови

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истражувањето на Alfa Romeo покажа дека нивните клиенти не сакаат огромни екрани

Знаете ли колку чини просечната Dacia, продадена во Европа?!

General Motors не може да ја задоволи големата побарувачка

Lexus најавува нов електричен концепт

Volkswagen ќе увезува и продава возила Bugatti и Rimac во Америка

Британците решија да изградат тунел вреден 2,2 милијарди евра во близина на Стоунхенџ

Impul Nissan Z

Обновен MG5

Драматичен пад на цените на половните електрични автомобили