Продажбата на електрични возила со батерии (BEV) во Германија се зголеми за три пати во 2020 година, изразено во апсолутни бројки на повеќе од 194.000 единици, барем така велат податоците на германскиот федерален регулатор за патен сообраќај Kraftfahrt-Bundesamt (KBA)…
По темните слики за продажбата од минатата година (статистиката вели дека Германците бележат пад во продажбата за околу 25 % во минатата 2020, споредено со претходната 2019 година), дека не е се црно и дека има светли мометни говори и оваа информација.
Имено, силниот раст на продажбата на BEV возилата од KBA на најгоилемиот автомобилски пазар во Европа се објаснуваат со привлечноста и разновидноста на нејзината понуда и со сè посигурните технологии.
„Е-мобилноста стана главна карактеристика на мобилното – општество“, рекол претседателот на KBA, Ричард Дам (Richard Damm).
Со целосно или делумно електрични возила во Германија кои достигнуваат пазарен удел од 22 проценти во четвртиот квартал на 2020 година, германската влада е на добар пат да ја постигне целта да има седум до десет милиони регистрирани електрични возила на германските патишта до 2030 година, проценил Дам.
На крајот на 2020 година, BEV учествувале со 1,2 проценти од сите регистрирани патнички автомобили во Германија, за разлика од 0,5 проценти една година порано, така кажуваат податоците што ги презентира германскиот KBA.