Продажбата на Lada го достигна нивото пред кризата и продолжува да расте!

Најголемиот производител на автомобили од Русија, АвтоВАЗ, објави статистички податоци поврзани со продажба на возилата Lada од кои се гледа дека компанијата достигна индикатори кои важат за периодот пред воведените ограничувања заради пандемијата на корона вирусот, и бележи пораст во однос на минатата година!!!!

Минатиот месец, дилерите на возила Lada продале 31.709 автомобили, што според „АвтоВАЗ“ е за 5,7 проценти повеќе отколку во истиот период во 2019 година.

Најпродавана е семејството автомобили Lada Granta со 11.450 единици кои нашле сопственици. 9.807 купувачи се определија за возилото Lada Vesta, додека Lada Largus се најде на третото место со 3.718 продадени единици.

AvtoVAZ наскоро ќе започне со продажба на возила Largus Cross произведени во новата специјална верзија на Quest со супер тивка внатрешност.

Во Русија, продажбата на SUV моделот  Niva под брендот Lada започна на крајот на јули.

Во текот на овој месец беа продадени 529 ребрендирани возила и 310 единици со плоча Chevrolet.

Извршниот потпретседател на АО АвтоВАЗ за продажба и маркетинг, Оливие Морн, забележа зголемување на бројот на корпоративни нарачки што придонесоа за вкупната продажба на автомобили од овој бренд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW Up! Ќе добие наследник!

Lockout и понатаму предизвикува пад на продажбата во Европа

Најавен Volkswagen Taos

Во Европа 83, а кај нас 77 проценти од вкупниот патнички сообраќај е со автомобили

ЕУ ги заострува нормите за емисија на ЦО2 -до 2030 ќе ги намали двојно

Најавен нов Honda –EV concept

Објавен списокот на кандидати за Европски автомобил на годината 2021

Испорачани првите ID.3 до купувачите

Се почести шпекулации – идниот Peugeot 108 како crossover