Продолжен Bentley Bentayga LWB

Bentley ќе ја прошири понудата на својот луксузен SUV модел Bentayga, кој претходно, оваа година, претрпе значителна рестилизација….

Новина во гамата ќе биде продолжената верзија на Bentayga LWB, наменета пред се за клиенти на Блискиот исток и Кина.

Bentayga LWB би требало да ја има својата премиера во текот на следната година, а покрај продолженото растојание помеѓу оските, тој носи и подолга задна странична врата и повеќе простор за задните патници.

Сепак, конкретни бројки за димензиите допрва следуваат.

Во секој случај, Bentayga LWB исто така ќе располага со LED-Matrix фарови, 22-инчни алуминиумски тркала, напреден информативно-забавен систем со 10,9-инчен екран, дигитална табла со инструменти, заедно со стандардните Apple CarPlay и Android Auto.

Аудио систем од 790 вати со 12 звучници е стандарден, а опционален е со 1780-вати моќниот аудио систем со 20 звучници.

Што се однесува до моторот, се очекува 4,0-литарски V8 biturbo бензинец со 550 КС и 770 Nm, како и plug-in хибридна верзија (комбинација на 3,0-литарски V6 бензинец и електромотор).

Останува да се види дали ќе биде понуден и Bentayga Speed ​​LWB (6,0-литарски W12 twin turbo мотор со 635 КС и 900 Nm).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Nissan Note и официјално дебитира

Volkswagen ID.5 само за Европа

Во Кина дебитираше освежениот Jeep Compass

Nissan Note дебитира утре

Kia Sorento Yosemite Edition и  Sorento Zion Edition

Уловена Kia Sportage 2022

BYD D1

Пристигнува електричен VW I.D. Vizzion concept

Elation Freedom супер спортист на струја