Продолжува окрупнувањето во авто- индустријата: Алијанската меѓу Ford и Volkswagen се официјализира

VW Group и Ford Motor Company ги најавија првите формални договори за нова моќна Алијанса….

Алијансата на двата гиганта треба да им помогне на матичните компании да ја зголемат својата конкурентност и подобро да ги опслужуваат купувачите во време на рапидни промени во автомобилската индустрија.

Од двете компании веќе најавија дека се направени првите договори околу формирањето на алијансата.

Ford и Volkswagen имаат мошне успешни и важни комерцијални модели ширум светот, каде посебно се истакнуваат Ford Transit и Ranger, како и Volkswagen Transporter, Caddy и Amarok.

Вкупниот број на продадени лесни комерцијални возила на компаниите од 2018 година изнесувала околу 1,2 милиони примероци ширум светот и  затоа оваа индустриска соработка лесно би можела да добие епите – најголема според обемот на производство.

Преку оваа алијанса, Ford ќе конструира и ќе произведува pick-up камионети со средна големина за двете компании, што на пазарот би требало да стасаат веќе во 2022 година.

За двете компании Ford има намера да конструира и произведува поголеми комерцијални комбиња за европските купувачи.

Од друга страна, Volkswagen ќе развива и произведува помали градски комбиња.

Директорот на Volkswagen, Херберт Диес и извршниот директор на Ford, Џим Хекет, потврдија дека компаниите планираат да развиваат комерцијални возила.

Попрецизно, комбиња и pick-up камионети со средна големина за глобалниот пазар веќе од 2022 година.

Оваа алијанса ќе постигне значителни размери и ефикасност.

Исто така ќе им овозможи на двете компании да ги спделат своите вложувања во архитектурата на возилата што нудат различни можности и технологии.

„Оваа алијанса ќе им помогне на компаниите да создадат дополнителна вредност и да ги задоволат потребите на нашите купувачи, значително ќе ја подобри ефикасноста и ќе им помогне на компаниите да ги подобрат своите резултати. Исто така и ќе ни даде шанса да соработуваме во обликување на следната ера на мобилноста.“, изјавил Хекет.

Од друга страна, Диес додал: „Fоrd и Volkswagen ќе ги искористат нашите колективни ресурси, иновациските можности и комплементарните позиции на пазарот со цел уште подобро да услужат милиони купувачи ширум светот.

Во исто време, сојузот ќе претставува камен темелник на нашето настојување да ја унапредиме конкурентноста“.

Volkswagen и Ford проценуваат дека комерцијалната соработка во развојот на овие возила ќе донесе подобрување на годишните оперативни резултати пред оданочувањето веќе од 2023 година.

Покрај ова, Ford и Volkswagen потпишаа уште еден меморандум, што се однесува на истражувањето на можностите за соработка на развојот на автономни возила, услуги за мобилност и електрични возила.

Двете компании потврдија дека се отворени за разгледување на дополнителни заеднички програми за развој на возила во иднина….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата Opel Mokka  со ново лого на Opel

Произведен првиот Aston Martin DBX

Ексклузивно- Toyota денес открива нов модел – crossover базиран врз Corolla?

Најавен нов Haval H6

Вуков од сезонава со Порше Карера во нов предизвик: Голем предизвик за мене!

Citroën C5 во 2021 ќе атакува на VW Passat!

Daimler ја продава фабриката на Smart, можен купувач- Ineos, производител на Grenadier. наследник на класичниот Defender !

Истрагата за аферата dieselgate се прошири и на добавувачот Continental

Volvo се стабилизира- во Јуни продал само за 2,1 % помалку автомобили