Продолжува SUV офанзивата на Renault – претставена новата Arkana

Засега достапен само на рускиот пазар, францускиот производител го претстави новиот член во својот SUV сегмент покажувајќи ја интенцијата за глобална експанзија во овој сегмент

Отсега, SUV семејството на производителот на автомобили од Франција е збогатено со уште еден член – новиот Renault Arkana.

Моделот доаѓа во coupe- SUV изедба и засега ќе биде ограничен само на рускиот пазар, а се очекува набрзо да се појави и во Кореа,  веројатно под значката на Renault Samsung.

Потсетуваме концептот Arkana е претставен минатото лето на меѓународен салон за автомобили во Москва, а производната верзија изгледа речиси идентично, со неколку стилски модификации на предната и задната страна на возилото,  помалку блескави решетки на предната страна и отсуство на двојниот издувен систем назад.

Но главните карактеристики на дизајнот косата линија на покривот што опаѓа наназад ,со која добива спортски лик во стил на BMW X4.

Внатешноста е во комбинација на кожа и мека на допир пластика, а на централната конзола е поставен осум -инчен дисплеј чувствителен а допир, подржан од Apple CarPlay и Android Auto, а тука е и  амбиенталното осветлување, Bose премиум звучки, клима уред, греење на седиштата

Има место за пет патници, а багажниот простор е со капацитет од 508 L.

На листата на системи за помош на возачот се наоѓа камерата од 360 степени, системот за следење на мртов агол, сензори за паркирање и други помошни безбедносни функции, а, како опција  се нудат и три различни режими на возење, односно Sport, Eco и MySense.

Мотористиката на овој SUV е 1,3 –литарски Tce мотор, развиена со Daimler, што испорачува моќ од 148 КЅ и е поврзана со CVT X-Tronic пренос.

Основните модели се достапни само со погон на предните тркала, додека погонот на сите четири е опција.

Промоцијата на новиот Arkana, е со специјална за таа цел изведба Edition One, а опремена  со LED предни и задни светла, дополнителни хромирани детали на екстериерот, 17-инчни тркала во две бои

Цените на Arkana Edition One започнуваат од 19.763 евра, а нарачките во Русија ќе започнат од  летово.

 

Последните информации од Руcија гласат дека за два часа се нарачани повеќе од 100 примероци на промотивната едиција на Arkana

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И официјално обновена Honda WR-V

Освежениот Hyundai Santa Fe пристигнува со plug-in хибриден погон

Baojun E300 и E300 Plus – електрични автомобили со цена помалку од 10.000 долари!

  Vision T: нови детали за концептот од Јужна Кореја

Претставени перформанс изведбите Audi e-Tron S и e-Tron Sportback

И официјално BMW M3 и M4 завршни тестирања, брусење на патека…

BMW стартува со производство на новата Serieѕ 4 и освежената Serieѕ 5

Во Топ 10 најпродавани автомобили на Стариот континент два модела на Dacia

Nissan со нов видео тизер за Ariya пред премиерата на 15 јули